Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: Соборувањето на балистичка ракета испукана кон Турција не го активира Членот пет

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 5, 2026 14:42

Соборувањето на балистичка ракета насочена кон Турција од страна на противвоздушните сили на НАТО не претставува непосредна причина за активирање на Членот пет, клаузулата за меѓусебна одбрана на членовите на алијансата, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Никој не зборува за Членот пет. Најважно е што нашите противници вчера видоа колку е силен и буден НАТО, а уште побуден, ако е можно, од саботата, изјави Руте за Ројтерс.

Турција објави дека силите за воздушна одбрана на НАТО уништиле иранска балистичка ракета што влегла во турскиот воздушен простор, што е прв пат членка на алијансата да биде директно вовлечена во конфликт на Блискиот Исток, отворајќи ја можноста конфликтот да се прошири на сојузниците од блокот.

Генералштабот на вооружените сили на Иран денес негираше дека лансирал ракети кон Турција, нагласувајќи дека земјата го почитува суверенитетот на пријателска Турција, јавуваат иранските медиуми. Членот пет на НАТО наведува дека нападот врз една членка на алијансата е напад врз сите други. Руте рече дека НАТО ги поддржува САД во нападите врз Иран бидејќи „се заканува да стане закана и за Европа“.

Генералниот секретар на НАТО, исто така, истакна дека сојузниците продолжуваат да ја поддржуваат Украина и покрај ситуацијата во Иран, пренесува Танјуг.

Многу лидери во Европа, САД и Канада велат дека мора да биде „и двете“: дека како сојузници ние го овозможуваме она што Американците го прават на Блискиот Исток и во исто време да ѝ обезбедиме на Украина сè што ѝ е потребно за да остане силна во борбата, рече Руте.

 

НАТО Руте член пет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.