Националната даночна и царинска администрација (НАВ) на Унгарија објави дека уапсила седум украински државјани, вклучувајќи го и поранешниот генерал на украинската тајна служба.
Според извештаите, НАВ запленила и два оклопни камиони за транспорт на готовина, кои требало да транспортираат вкупно 40 милиони долари, 35 милиони евра и 9 килограми злато од Австрија во Украина, објавува унгарскиот портал Индекс.
Апсењето се случило во четврток, а НАВ сега води кривична постапка под сомнение за перење пари. Порталот наведува дека само оваа година, повеќе од 900 милиони американски долари, 420 милиони евра и 146 килограми златни прачки биле транспортирани во Украина преку територијата на Унгарија.
Националната даночна и царинска администрација веднаш ја известила украинската конзуларна служба кога започнала постапката, но досега не е добиена повратна информација од конзуларната служба.
Поранешен генерал на украинската тајна служба бил одговорен за управување со пратката.
Австрискиот новинар Рихард Шмит напиша на својата страница на социјалните мрежи дека 75 милиони евра и американски долари, како и 9 килограми злато, требало да бидат транспортирани со возила од Рајфајзен банката во Виена до Украина, објавува Индекс и додава дека, според Шмит, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја запрел испораката на злато во Украина откако добил закана со смрт.
Според украинскиот новинар Анатолиј Шари, запленетата количина „не била баш обична, благо речено“, а Виктор Орбан го знаел тоа.
Убеден сум дека парите му припаѓале на Зеленски. Некаков вид злоупотреба. Сепак, денес добив информација дека парите не му припаѓале на Зеленски, туку на неговите европски колеги. Приказната е целосно фантастична, а вчера ми се чинеше нереална. Но, денес, неколку извори известуваат дека Орбан не го нападнал Кијив, туку Брисел. Станува збор за 80 милиони евра и околу 10 килограми злато. Брисел знае чии пари се. И затоа, ми се чини, сега прават сè што можат за да спречат избувнување на скандалот. Орбан дејствувал многу прецизно и удрил таму каде што боли, рече Шари во објава на социјалната мрежа X.
поред украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, унгарските власти „практично зедоа заложници“ на седум украински државјани во Будимпешта. Според Сибиха, вработените во Ошчабанка транспортирале готовина помеѓу Австрија и Украина кога биле запрени, а нивното местоположба е непознато оттогаш.
Амбасадата на Украина во Унгарија денес објави на Фејсбук дека украински државјани вработени во Ошчадбанка возеле две банкарски возила кои транзитирале меѓу Австрија и Украина и превезувале готовина како дел од редовна услуга меѓу државните банки.
Во пракса, станува збор за Унгарија која зема заложници и краде пари. Ако ова е „силата“ за која зборуваше Орбан, тогаш ова е сила на криминална организација. Ова е државен тероризам и уцена“, се наведува во соопштението.
На веб-страницата на Ошчадбанка беше објавено и соопштение во кое тврдат дека седум вработени во финансиската институција биле нелегално приведени во Унгарија. Според нивното соопштение, местото на живеење на луѓето е непознато, но возилата на банката, врз основа на GPS податоци, може да се најдат во центарот на Будимпешта, во близина на една од унгарските безбедносни агенции.
Транспортот на средства и вредни предмети го изврши Ошадбанка како дел од нејзиниот меѓународен договор со австриската Рајфајзен банка и за негово спроведување. Товарот беше подготвен во согласност со меѓународните правила за транспорт и важечките европски царински процедури. Ошадбанка бара итно ослободување на своите вработени и враќање на нејзиниот имот, како и нивно враќање во Украина, објави украинската финансиска институција.




