Во Скопје се одржа протестен марш по повод 8-ми Март.
Со него се одбележа Меѓународен ден на жената, под мотото: Кога нема правда, жените ја плаќаат цената … и со сопствениот живот.
Со минута молк и пораки за правда започна денешниот традиционален Осмомартовски марш во Скопје, е организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија. Маршот стартуваше точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата на Вера Јоциќ.
Учесниците на маршот носеа транспаренти со пораката „Нема да нè снема“, како што велат организаторите, ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат во систем и општество што ја загрозуваат нивната безбедност, не ги штитат од насилници, ги забораваат, ги оставаат на маргините и ги бришат.
Учесниците на маршот истакнаа дека празничните честитки не се доволни, доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација.
Маршот се одржува во чест на борбата за женските права и историската традиција на 8-ми Март, кој симболизира солидарност и отпор во борбата за еднаквост и достоинствен живот.




