Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атина: Грција воведува плафон на цените на горивата и во супермаркетите

0
By Zoran Ivanov on March 11, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2026 13:38

Воведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и на производите во супермаркетите, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателот на Грција Константинос Тасулас и посочи дека освен геополитичката димензија, ги засегаат и економските последици од оваа криза.

Деталите околу владините мерки за справување со профитерството дополнително ќе бидат соопштени од заменик-претседателот на Владата, министерот за животна средина и енергија и министерот за развој на Грција.

Мицотакис на средбата со Тасулас посочи дека е очигледно дека не можат да ги спречат првичните поскапувања на цените, но дека сигурно испраќаат порака дека „оваа економска нестабилност не треба да доведе до појави на профитерство, што дополнително би го влошило проблемот кој и онака постои“.

Значи, плафон на профитните маржи кај горивата и кај производите во супермаркетите ќе бидат објавени денеска, со рок за спроведување во текот на следните три месеци. Оттаму, ќе бидеме во постојана подготвеност за следење на понатамошните економски последици од кризата, секако, секогаш изразувајќи ја нашата желба наскоро да дојде до деескалација, за да не се зголеми дополнително проблемот што денес изгледа голем, нагласи грчкиот премиер.

Претседателот на Грција посочи дека будноста што државата ја покажа во прашањето на одбранбената заштита на Кипар, „треба да се покаже и во случајот на борбата против профитерството“.

Сигурен сум дека мерките што ќе бидат соопштени и предупредувачки и казнени, ќе функционираат така што и оние кои размислуваат да ја искористат оваа ситуација за да профитираат, но и оние кои веќе почнале со тоа, ќе бидат запрени, ќе бидат спречени и ќе сфатат дека не е време оваа криза и оваа тешка состојба да им ги наполни џебовите со прекумерни профити, порача грчкиот претседател.

Тасулас и Мицотакис на денешната средба се осврнаа на ситуацијата на Блискиот Исток, на воената помош што земјата ја испрати за Република Кипар, но и на напорите на Министерството за надворешни работи за репатријација на грчките граѓани заглавени во воените зони.

Грчкиот премиер рече дека Грција во пракса покажа дека е „столб на геополитичката безбедност“, нагласи дека е исклучително важно тоа што земјата прва го поддржа Кипар, но и посочи дека особено ги интересира стабилноста на Либан.

Го изразивме нашето силно несогласување со каква било обемна копнена воена операција во јужен Либан и ја изразивме нашата поддршка за властите на Либан, за тие самите да се справат со вистинските безбедносни проблеми што произлегуваат од присуството на Хезболах во јужен Либан, рече Мицотакис.

Грчкиот претседател рече дека испраќањето на мировна и одбранбена сила на Кипар покажува дека Грција е стабилна, смирена и решителна „за да се соочи со овој период на густи и тешки облаци“.

И треба сите, грчката држава, Владата и опозициските партии, во овој период на големи предизвици да ги задржиме смиреноста и разумноста што се потребни во овие околности, рече Тасулас и додаде дека земјата одигра водечка улога.

 

грзија мерки плафон цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.