Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Мицкоски да ги види во архивата на Владата мерките на СДСМ и да ги примени

0
By Zoran Ivanov on March 24, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2026 13:10

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денешната на прес-конференција ја повика Владата да преземе конкретни мерки со кои ќе го заштити животниот стандард на граѓаните.

Филипче му порача на премиерот Мицкоски, да ја надмине суетата, да ги отвори архвите и да види како владите на СДСМ се справуваа со кризите и им помагаа на сите граѓани и на стопанството.

Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата. Кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза. Како да предвидовме дека криза можеби ќе има, рече Филипче.

Тој додаде дека дефицитот во буџетот е веќе пораснат, од предвидените 3,5 % на 5,1 %.

Толку од предвидувањата и од менаџирањето на буџетот од премиерот поради тоа што очигледно е дека се нема капацитет оваа држава да се води како што треба, рече Филипче.

Воедно, Филипче и порача на власта да ги прифати мерките што ги предложи СДСМ, а кои ќе дадат реален ефект врз намалувањето на цените на горивата и нафтените деривати и врз намалување на цените на храната.

Освен ДДВ-то на горивата на 5%, да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0%, да се намали акцизата за 4 денари. Тогаш ќе има вистинско поевтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните сега не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то. И покрај намалувањата на ДДВ-то, цените пораснаа. Со намалување на акцизата цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа во дополнителниот синџир на раст на другите цени. Исто, мора да има намалување и на цените на патарините.Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза, рече Филипче.

Мора да им се олесни на граѓаните во оваа тешка криза, затоа се потребни и посебни пакети мерки за одредени категории на граѓани, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче ја повика власта да ги прифати четирите мерки што ги предложи СДСМ, но дополнително да донесе и пакет мерки за одредени категории на граѓани, како што тоа веќе го прават земјите од регионот.

Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата. Потребни посебни пакети мерки за посебни категории на граѓани, за социјално загрозените, луѓе се посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓе со ниски примања, семејства со повеќе деца. Се тоа што ние го правевме за време на кризите. Владата не направи ништо не воведе ниту една мерка да им помогне на овие категории на граѓани. Го слушнавме хрватскиот премиер, воведоа конкретни мерки. Освен што се ограничија цените на горивата на бензините, на гасот, одредени категории на граѓани добија помош – земјоделци, социјални случаи, рибари итн, тие на коишто најмногу им е потребно, рече Филипче.

Притоа, Филипче потсети дека во периодот на најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, владата на СДСМ подели 2 милијарди евра директна помош кон граѓаните, особено кон најзагрозените категории на граѓани, а дополнително имаше помош за ученици, за студенти, за луѓе со посебни потреби и други.

Потребни се мерки како што ние и нашата влада имплементираше и воведуваше за време на справувањето со кризите, за време на ковид кризата, тогашната енергетска криза, кога почна војната во Украина. Само со такви мерки директни кон одредени категории на граѓани посебно најзагрозените тие коишто сега најмногу се жалат што очекувано дека не можат да се прехранат, најсиромашните категории пензионери, социјалните случаи, семејствата со многу деца, најслабо платените работници, мораат да видат да видат некаква помош од државата, рече Филипче.

 

Влада мерки микоцкоси Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.