Русија и Украина ослободија по 175 воени заробеници пред почетокот на најавеното велигденско примирје, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Дополнително, вратени се и седум државјани на Руската Федерација кои биле незаконски задржани од кијивските власти“, соопшти министерството, заблагодарувајќи им се на Обединетите Арапски Емирати за посредувањето.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди размената, наведувајќи дека се ослободени 175 војници и седум цивили, меѓу кои има припадници на армијата, Националната гарда и граничната служба.
Тој истакна дека војниците се бореле на повеќе фронтови, меѓу кои Мариупол, Чернобил, Доњецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и Курск, додавајќи дека многумина биле во заробеништво уште од 2022 година.
Примирјето, кое треба да трае 32 часа и да започне во 16 часот, има цел да им овозможи на христијаните во Русија и Украина да го прослават православниот Велигден.
Двете страни редовно разменуваат заробеници и тела на загинати војници за време на војната, која трае веќе повеќе од четири години.




