Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворени гласачките кутии во Унгарија – рекордна излезност

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 12, 2026 20:02

Изборните места на парламентарните избори во Унгарија се затворени во 19 часот, а во текот на денот е забележана историски рекодна излезност.

Броењето на гласовите пристигнати по пошта почна по 19 часот, а потоа се очекува прес-конференција на раководителот на Националната изборна канцеларија и Изборната комисија, веројатно околу 20 часот.

Првите резултати од изборите во Унгарија се очекуваат вечерва од 20 часот, кога Националната изборна канцеларија ќе почне да ги објавува на официјалната веб-страница, со ажурирања на секои десет минути. Податоците ќе пристигнуваат по одреден редослед, прво ќе се обработуваат гласовите за поединечните кандидати, потоа за националните партиски листи, а на крај и за листите на националните малцинства.

До 17 часот беше соборен апсолутниот рекорд на излезност, 74,23 проценти од гласачите, или 5.587.935 луѓе, излегоа на гласање. Тоа веќе го надмина претходниот рекорд од 2002 година, кога вкупната излезност беше 73,5 проценти.

За споредба, на изборите во 2022 година, излезноста во 17 часот беше 62,9 проценти.

Унгарските медиуми забележуваат дека во 2002 година, последните податоци во текот на денот биле објавени во 17:30 часот, па затоа нема директно споредливи податоци за 17 часот, но тогашниот рекорд во вториот круг бил 67,87 проценти.

Големата излезност дава предност на опозициската партија Тиса на Петер Маѓар, напиша политичкиот аналитичар Соболч Пани на мрежата Икс, додавајќи дека тоа истовремено ги „турка“ сите други партии под изборниот праг од пет отсто.

Аналитичарот Матијаш Боди од „Валастаси Геограц“  ја окарактеризира големата излезност како најважен индикатор, а претходно изјави дека очекува конечната излезност да биде помеѓу 75 и 80 проценти.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, зборуваше за високата излезност. Тој објави порака до гласачите на својот Фејсбук профил, нагласувајќи ја важноста на гласањето за безбедноста на земјата.

 

избори излесност Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.