Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, жестоко ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност, при што го спомена и случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој исто така доби азил во Унгарија.
Маѓар порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за луѓе обвинети или осудени за криминал, нагласувајќи дека тоа важи и за странски политичари и за Груевски. Тој рече дека очекува и другите европски држави да постапуваат на ист начин и да ги враќаат унгарските политичари доколку избегаат од правдата.
Па, мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ИКЕА бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот северномакедонски претседател, кој исто така е осуденик. Но, и тоа не е затоа што ова е праведно исто така очекуваме од другите европски земји, ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји, да ги екстрадираат назад кај нас, во духот на европската соработка, овие потенцијални криминалци, изјави тој.
Воедно, Маѓар им порача на Жиобро и Романовски дека, доколку немаат што да кријат, треба да се вратат во Полска и таму да се соочат со обвиненијата и да го расчистат своето име пред институциите и јавноста.
Маѓар додаде дека, ако тие сè уште се наоѓаат во Унгарија, ќе се бара начин да бидат екстрадирани во Полска.




