9 години од крвавиот 27 април. Ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една недемократска и криминална власт може да ја оттурне државата во провалија. Насилството во Собранието, крвавите пратеници, нападите врз новинари, ништо не смее да се заборави.
Но, уште пострашно е што денес ги гледаме истите тенденции. Истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица на ВМРО-ОКГ.
Наместо правда, обиди за рехабилитација на насилниците. Наместо демократија, повторно заробени институции, притисоци врз судството, напади врз опозицијата и медиумска контрола.
Под водство на Христијан Мицкоски, државата повторно се турка во истата опасна насока, кон заробена држава.
27 април не е само сеќавање. Тоа е опомена.
Никогаш да не се заборави, да не се повтори!
СДСМ: Да не се повтори!
0Published: Monday, April 27, 2026 10:23




