НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеп Блатер поднесе оставка поради скандалот со корупција во ФИФА

1
By Нова ТВ on June 2, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако на 29-ти мај годинава ја доби трката за претседател на Светската фудбалска организација по петти пат, 79-годишниот Сеп Блатер по само четири дена поднесе оставка од позицијата на која се наоѓа 17 години поради скандалот со корупција кој ја зафати ФИФА.

– Длабоко размислував за моето претседателство и 40-те години кои ги поминав во ФИФА. Ја сакам организацијата повеќе од се’ друго и оставката ја давам за сечие добро. Се кандидирав за претседател за доброто на фудбалот, рече Блатер денеска на прес-конференцијата организирана за многу краток период.

Тој потенцираше дека неговиот мандат не го поддржуваат сите и затоа ќе бара нов состанок.

– Ќе организирам вонреден конгрес каде што ќе се бара замена за мојата позиција. Јас нема да се кандидирам. Јас ќе се фокусирам на длабоки реформи, бидејки многу години зборуваме за нив а никогаш не се доволни, напомена 79-годишниот претседател на ФИФА во заминување.

Блатер на чело на организацијата е од 1998 година.

Неодамнешниот конгрес на ФИФА беше во сенка на апсењата на седумина високи претставници во хотел во Цирих, а вкупно 14 беа приведени од швајцарската полиција под сомнение за корупција, измама, рекетарство и перење на пари.

Истиот ден, Швајцарците најавија дека ќе започнат постапка за одлуките Светското првенство во фудбал во 2018 и 2022 година да се играат во Русија, односно Катар.

Изборите за нов претседател ќе бидат организирани помеѓу декември и март следната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.