Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Не Мицкоски, Македонија не ја доведе рамо до рамо со Црна Гора туку ја уназади рамо до рамо со Србија

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 1, 2026 16:36

Христијан Мицкоски, шеф нa криминална група ВМРО, ветува дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора“, алудирајќи на пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија во 2028 година.

Реалноста е сосема спротивна.

Европската комесарка за проширување Марта Кос вчера соопшти дека Европската Унија замрзнува околу 1,5 милијарди евра од Планот за раст наменети за Србија, поради сериозно нарушување на владеењето на правото, слободата на медиуми, демократијата, слободата на говор и односите со Русија.

Мицкоски ветува „рамо до рамо со Црна Гора“ реалноста е дека Македонија е рамо до рамо со Србија

Мицкоски, наместо да ги исполнува европските стандарди, ја копира најлошата верзија на српскиот модел – моделот на автократот Александар Вучиќ

Паралелата е јасна и болна:

  • Слобода на говор и демократија – Мицкоски преку Собранието носи декрети за забрана на говорот за мигрантите, а граѓаните кои мислат поинаку ги нарекува „талог на општеството“, „медиокритети“ „лешинари“ „глодари“ и „мочуриште“. Опозицијата ја нарекува „болна“ и „мекотели“.
  • Слобода на медиуми – преку Орбан контролира 40% од медиумскиот простор, а со законот за финансирање на медиуми врши притисок врз независните медиуми. Македонија падна на листата на слобода на медиуми и влезе во загрижувачка зона.
  • ЕУ пат – наместо реформи, имаме политика на „тројански коњи“: блиски врски со Русија (Стојиљковиќ и Ноќните волци), кинески кредити преку Орбан, почесен конзул Адамовиќ со руски врски, криминал и корупција, без реформи во правосудството, злоупотреба и партиско поставување во судовите, обвинителство и полицијата.

Исти бизнис партнери.

Европа јасно кажа: без вистински реформи, без владеење на правото и без слобода на медиуми – нема пари и нема напредок.

Затоа, поради политиката на Мицкоски, криминалот, корупцијата и обожавањето на „браќата“ Орбан и Вучиќ, Македонија многу повеќе личи на Србија (која ги губи средствата и интеграциите) отколку на Црна Гора која напредува кон членство во ЕУ.

Мицковски може да си ги раскажува своите бајки колку што сака, како што вели, сме трета економија во Европа со празни фрижидери и паричници но граѓаните јасно ја гледаат вистината.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспехот во јуни!

Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик.

Ова е класична лага на Мицкоски.

ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието.

Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик.

Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат.

Мицкоски помпезно ветуваше дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека сме рамо до рамо со Црна Гора“.

Сега однапред подготвува алиби зошто тоа нема да се случи. Затоа што во јуни нема да ги внесе малцинства во Уставот, нема да ги затвори 8-те отворени реформски точки и нема да ги реши проблемите што самиот ги создаде: криминал, корупција, контрола врз судство и обвинителство, 40% од медиумите дел од Орбановата мрежа.

Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за укинување на Преспанскиот договор, лажеше за „трета економија во Европа“.

Сега подготвува нова лага – дека СДСМ е виновен за неговиот неуспех.

Нема да нè вовлече во своите лаги.

Мицкоски може да продолжи со лаги, да ветува и да бара виновници.

Граѓаните јасно гледаат: единствениот кој ја блокира Македонија кон Европа е токму тој – Мицкоски и неговата криминална организација.

 

ЕУ моицкоски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.