Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:
„Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, а сега настапува со целосно спротивни ставови од оние со кои ја водеше својата лажна кампања, наракеувајќи го Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата.
Филипче обвини дека станува збор за со години граден наратив со кој граѓаните беа доведувани во заблуда во однос на идентитетските прашања и Преспанскиот договор, оценувајќи дека со ваквите изјави ВМРО признава дека со години ги лажеше граѓаните.
„Претседателката Гордана Силјановска Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачува македонскиот национален идентитет. Христијан Мицкоски јавно изјави дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат. И каде сега предавството?“, потенцираше претседателот на СДСМ.
Филипче рече дека станува збор за политичка недоследност и манипулација со јавноста, нагласувајќи дека истиот договор кој претходно бил нарекуван „предавство“, денес се прикажува како дипломатски успех.
„СДСМ беше обвинет дека е предавничка партија. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат. Тие не само што не го сменија, не го вратија името. Каде се сите ветувања на организираната криминална група на ВМРО од пред изборието. Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека ваквиот пристап на ВМРО е чиста измама на сопствениот народ.
Внесување на малцинства во Уставот ја потврдува посебноста на македонскиот народ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека внесувањето на малцинствата во Уставот не претставува закана, туку потврда и зајакнување на посебноста на македонскиот народ. На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека уставните измени се услов на Европската Унија, а не на Бугарија, и оцени дека токму со внесувањето на бугарското малцинство во Уставот се прави јасна разлика меѓу македонскиот народ и бугарското малцинство.
„Внесувањето на малцинствата во Уставот, што е основен услов на Европската Унија, повторувам, на Европската Унија, не на Бугарија, како што ВМРО сака да го прикаже – не е предавство. Ние не преговараме со Бугарија, ние преговараме со Европската Унија“, рече Филипче.
Тој додаде дека тезата на Бугарија дека Македонците и Бугарите се ист народ, со уставните измени целосно се поништува.
„Внесувањето на малцинствата, конкретно бугарското, никако не е ризик за нашиот идентитет, бидејќи на граѓаните веќе им е јасно. Бугарската теза од пред многу децении дека сме ист народ во две држави, со ова паѓа во вода. Од тој момент, кога Бугарите ќе бидат внесени како малцинство во Уставот, се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ и бугарското малцинство. Се руши целата пропаганда дека нема посебен македонски народ“, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека уставните измени го зајакнуваат македонскиот идентитет и претставуваат дипломатски успех.
„И со тоа, со уставните измени, го зајакнуваме, не го слабееме, ниту го ризикуваме нашиот национален идентитет. И тоа е успех на нашата дипломатија, на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со поддршка на Европа“, рече Филипче.
Сиљановска ја призна, најголемата политичка хипокризија и измама на ВМРО на сопствениот народ
„Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години. Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. И што се случи? Претседателката Гордана Силјановска Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачува македонскиот национален идентитет“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче додаде дека ВМРО со години преку манипулации и пропагандата преку своите медиуми, ги лажеше граѓаните, дојде на валст со теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се предавници на македонскиот идентитет, а денес Мицкоски признава дека Преспанскиот договор има историска вредност.
„Христијан Мицкоски јавно изјави дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат. И каде сега предавството. Каде се сите ветувања на организираната криминална група на ВМРО од пред изборието?“, рече Филипче, додавајќи дека „ова не е политика, туку чиста измама на сопствениот народ“.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека е време власта јавно да признае дека со години водела лажна кампања против европската иднина на државата, а Христијан Мицскоски јавно да се извини на сите граѓани.
„Време е ова организирана група на Христијан Мискоски и на ВМРО да се извини на граѓаните, да се извини за годините лаги и токсични поделби во општеството. Јавно го повикувам Христијан Мискоски, носител на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да се извини на сите граѓани на Македонија“, рече Филипче.
Муцунски денес признава – НАТО е феноменална работа
Министерот Тимчо Муцунски денес признава дека НАТО е феноменална работа, дека дава безбедност и поволна клима за инвестиции, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор, и ги доби изборите со лажна теза дека СДСМ е предавник на македонскиот идентитет, а денес изјавите од највисоките функционери на партијата потврдуваат дека свесно манипулирале со граѓаните и дека сега, кога се на власт, ги фалат истите политики што со години ги напаѓаа.
„ВМРО ги доби изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите ние сме предавници на македонскиот идентитет. Дека Преспанскиот договор е предавство. Дека ќе го поништат договорот. Што се случи, Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачувува македонскиот национален идентитет. Христијан Мицкоски јавно изјави дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Министерот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е феноменална работа, дека дава безбедност и поволна клима за инвестиции“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче, укажа дека ВМРО свесно со години ги манипулира, лаже граѓаните и создава поделби во општеството.
„Каде се сите ветувања на организираната криминална група на ВМРО од пред изборите? Знаеја дека НАТО е најдоброто нешто што ни се случило, но сепак, години наназад не престанаа да нè нарекуваат предавници и да сеат поделби“, рече Филипче.
Тој нагласи дека ВМРО го измами сопствениот народ, и побара Мицкоски да се извини.
„Ова не е политика. Ова е чиста измама на сопствениот народ. Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и токсични поделби во општеството. Време е да престанат со театарот и да ја продолжат политиката на европска иднина. Доколку не сакаат, а не сакаат поради нивните бизниси, нека си заминат“, порача Филипче.
Не преговараме со Бугарија, туку со Европската Унија
„Ние не преговараме со Бугарија, ние преговараме со Европската Унија“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче појасни дека внесувањето на малцинствата во Уставот е услов поставен од Европската Унија, а не билатерално прашање со Бугарија, обвинувајќи дека ВМРО намерно создава конфликти, страв, ја лаже и манипулира јавноста.
„Внесувањето на малцинствата во Уставот, што е основен услов на Европската Унија, повторувам на Европската Унија, не на Бугарија, како што ВМРО таа сака да го прикаже, не е предавство“, рече Филипче.
Тој посочи дека внесувањето на бугарското малцинство во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет, туку напротив, дополнително го зацврстува.
„Никако не е ризик по нашиот идентитет, бидејќи на граѓаните веќе им е јасно дека бугарската теза од пред многу децении дека сме ист народ во две држави со ова паѓа во вода. Од тој момент, кога ќе бидат внесени Бугарите како малцинство во државата, тогаш се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ и бугарското малцинство.
Се руши целата пропаганда дека нема посебен македонски народ. Со уставните измени го зајакнуваме, не го слабееме, никако не го ризикуваме нашиот национален идентитет. И тоа е успех на нашата дипломатија, на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со поддршка на Европа“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Како што Мицкоски знаеше да клечи за власт, сега нека клекне и нека се извини на народот
„Како што Мицкоски знаеше да клечи за власт, сега нека клекне и нека се извини на народот“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, при што директно го повика Мицкоски да се извини за годините на политички лаги, пропаганда и заблуди дека Преспанскиот договор е „предавство“и дека ќе биде поништен, дека е загрозен македонскиот идентит и дека ќе го врати старото име.
„Јавно го повикувам Христијан Мискоски, носител на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да се извини на сите граѓани на Македонија. Кога умееше да клечи и да моли за да дојде до власт, може и сега да излезе и да се извини за лагите и за пропагандата што ја спроведуваше години наназад. Барам од Христијан да излезе и да се извини во свое име и во името на неговата партија. Барам извинување за изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние коишто го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за оние што веруваа во Европската Унија, за многумина кои поради евроскептицизмот и поради оваа лажна кампања ја напуштија земјата и се иселиле оттука“, додаде Филипче.
Кој Тимчо Муцунски ја повикува опозицијата– тој што беше против Преспа или овој што денес го фали НАТО?
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во врска со повикот на министерот Тимчо Муцунски за консензус и конструктивност од опозицијата во однос на стратешките прашања, порача дека Муцунски нема кредибилитет да зборува за национално единство, откако со години и тој и ВМРО ги лажеше граѓаните за Преспанскиот договор, НАТО и европската иднина на државата.
„Кој Тимчо Муцунски го бара тоа? Тој што беше против Преспанскиот договор? Тие што го бојкотира референдумот? Или овој сега што вели дека НАТО е најдобар сојуз во кој што ние членуваме и дека обезбедил и гарантирал безбедноста на земјата и дека е добар за инвестициска клима, која што патем тие не знаат да искористат, зошто? Затоа што крадат пари. Кој Тимчо Муцунски го бара тоа?“, рече Филипче.
Притоа, говорејќи за повикот на Муцунски, Филипче го повика да одговори и на отворените прашања за Никола Груевски, но и за неговата работа како поранешен градоначалник на општина Аеродром.
„Што ќе каже Тимчо Муцунски за Никола Груевски? Дали и тој смета дека бил суден во наместени процеси или смета дека треба да одговара пред правосудните органи и да оди во затвор? Кој Тимчо Муцунски го бара тоа? Тимчо Муцунски, кој што со неговото доаѓање на градоначалничката позиција во Аеродром донесе една фирма која што зема милионски суми тендери близу осум и после истата фирма ја однесе во МНР кога стана министер за надворешни работи. Тој Тимчо Муцунски прашува за национално единство?“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека токму Муцунски и раководството на ВМРО беа дел од политичкиот тим кој со години ја манипулираше јавноста за европскиот пат на државата.
„Тимчо Муцунски, којшто еве се докажува дека бил дел од тим кој што лажел, кој што ја загрозува нашата иднина? Тој бара реформи, Европа? Не сака Тимчо Муцунски реформи и Европа. Ниту Христијан, ниту бандата“, рече Филипче.
Тој додаде дека вистинските реформи значат уставни измени и отворање на европските поглавја.
„Реформите се викаат Уставни измени и почеток на преговори, отворање на поглавјата. Тоа е вистинскиот пат напред. Нека не мачкаат очи нека не лажат. И ако не сакаат, нека си заминат, затоа што ќе одговараат и Тимчо и сите. Најавуваат работа на реформска агенда, што правеа две години? Што правеа две години? Ништо не направија, не сакаат да работат.
Докажаа, и секој ден се докажува дека лажеле и Гордана и Христијан и Тимчо. На тие луѓе не може да им се верува. Тие луѓе немаат кредибилитет да водат државата. Немаат чесност, немаат искрена и чесна намера.Ги интересира само нивниот интерес, а не интересот на сите граѓани,ги злоупотребија и ги излажаа граѓаните“, порача Филипче.




