Published: Saturday, May 16, 2026 23:50
Оливер Спасовски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН кренаа рака за ДУП-от – 600.000 евра за кумот на Максо!
Куманово заслужува развој, а не сомнежи за корупција и бизнис зделки зад грбот на граѓаните.
Со гласовите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН беше изгласан ДУП поврзан со земјиштето од скандалот во УЕ Тоде Мендол (дел од УБ63 плански опфат), каде јавноста со право поставува прашања за судир на интереси и привилегирани бизнис релации.
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, блиски луѓе до власта преку ноќ заработуваат стотици илјади евра.
А Максо? Тој одамна сам призна дека не живее од плата.
Извор: Фејсбук



