Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија ја обвини Украина за напад врз училиште, најмалку шестмина загинати

0
By Zoran Ivanov on May 22, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2026 19:11

Владимир Путин ја обвини Украина за „терористички напад“ откако во ноќен напад со беспилотно летало врз училиште загинаа најмалку шест лица, а 39 беа ранети. Рускиот претседател изјави дека по нападот врз училишниот дом во Луганската област, која е под руска контрола, уште 15 лица се водат како исчезнати, пишува Сакај њуз.

Путин ја обвини Украина за намерно гаѓање цивили и најави дека побарал предлози за одмазда од руското Министерство за одбрана. Фотографиите и видеоснимките објавени од руските власти прикажуваат спасувачи како на носила изнесуваат маж од урнатините. Се гледаат и тешко оштетени згради, од кои едната е делумно урната, како и пожари кои сè уште горат.

Украина сè уште не се огласила во врска со нападот. Нејзините сили се борат за повторно преземање на Луганск, еден од четирите региони кои Русија во 2022 година еднострано ги прогласи за свои, што Киев го смета за незаконско отцепување на територија.

Руската комесарка за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години спиеле во домот на Педагошкиот факултет во Старобилск кога украинските дронови нападнале во текот на ноќта.

Леонид Пасечник, највисокиот функционер поставен од Русија во Луганск, изјави дека две лица се извлечени од урнатините. Тој додаде дека спасувачите сè уште трагаат по децата заробени под урнатините. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Ова е монструозно злосторство. Напад врз образовна установа во која престојуваат деца и млади“, рече Песков.

„Сега најважно е да се преземе сè за да се расчистат урнатините и да им се пружи помош на оние кои сè уште се заробени под нив“, додаде тој.

Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски вети одмазда откако положи црвени рози на урнатините на станбена зграда во Киев, каде во руски ракетен напад загинаа 24 лица, вклучувајќи и три деца. Двете страни во војната негираат дека намерно гаѓаат цивилни цели.

 

загинати обвини Путин Украина цивили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.