Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: 35 години независност не смеат да бидат параван за нетранспарентност и приватизација на културата

0
By Zoran Ivanov on May 28, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2026 19:17

СДСМ смета дека по вчерашната прес-конференција на Владата во врска со прославата по повод 35 години независна Македонија, јавноста остана без одговор на суштинските прашања – кој, како и по кои критериуми одлучува за трошењето на парите на граѓаните.

Оваа Влада и натаму на дело покажува дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, транспарентноста и отчетноста се сведени на нула. Наместо јасни критериуми, јавни повици и институционален пристап, сведоци сме на затворен круг на привилегирани поединци и компании.

Тоа е директно потценување на јавноста, на културните работници и на институциите на системот.

За разлика од денешната практика, кога СДСМ ја презеде Владата во 2017 година, за првпат по 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за култура најтранспарентно и јавно ги објави до денар сите износи и сите корисници од програмите за култура. Граѓаните точно знаеја каде завршуваат нивните пари.

Денес повторно се враќаме на моделот на нетранспарентност, фаворизирање и приватизација на културата.

Затоа, јавноста заслужува одговор на неколку клучни прашања:

  1. По кој критериум е избрана агенцијата „Авалон продукција“ за организација на настанот?
  2. По кој критериум сопственикот на приватна компанија добива ексклузивно право да избира кои македонски музички ѕвезди ќе настапуваат на прославата на државен празник?
  3. По кој критериум приватна компанија се става на пиедестал над националните институции од областа на културата, кои постојат токму за да ја претставуваат државата и нејзините културни вредности?
  4. Зошто повторно се заобиколуваат институциите и се создава впечаток дека културата е приватен бизнис на блиски структури до власта?

Особено загрижува фактот што во моментот Македонија има врвни уметници и музички имиња од областа на класичната музика, кои настапуваат на најпрестижните светски сцени и се вистински амбасадори на македонската култура во светот.

Наместо државата да покаже достоинство, институционален капацитет и почит кон сопствените културни вредности, повторно сведочиме на селективност, естрадизација и целосно игнорирање на националните културни институции и врвните уметници.

Прославата на 35 години независна Македонија треба да биде државнички и обединувачки чин, а не уште еден пример за нетранспарентно трошење јавни пари и партизација на културата.

 

Власта култура прослава СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.