Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од бунт кон стратегија: Македонија меѓу детето и возрасниот  

0
By Zoran Ivanov on June 11, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 11, 2026 16:16

Се што читам во последно време се изјави на бунтовно дете кое тежнее да биде слободно и да не му се кажува што да прави (лажна автономија), но без решенија за остварување на стратешките долгорочни цели. Не дека ЕУ нема вина со тоа што не ги „живее“ вредностите што ги проповеда, но тој систем ни е географски, инфраструктурно и вредносно најблизок. Зрела личност, а исто така и држава водена од зрели и автономни луѓе, бара решенија наместо изговори. За себе, а не задоволување (адаптирање) кон другите.

Ида Протугер

Читам аргументи околу односите со Бугарија и фамозниот Втор протокол и она што ми паѓа во очи е повторно, нашата позиција на дете.

Ако се послужам со јазикот на трансакциска анализа (психотераписки правец), секој човек носи во себе внатрешно дете кое ги носи емоциите. Тоа може да биде слободно или адаптирано. Адаптираното знае да премине во бунтовно, особено кога ќе се освести дека има моќ да не слуша покорно.

Потоа има возрасен, кој има сопствена автомија во одлуките и е рационален.

Кога човек знае да ги интегрира емоциите преку слободното дете и разумот што го носи возрасниот, носи одлуки со кои се чувствува добро.

Со оваа терминологија сакам да се послужам илустрирајќи ги изјавите на политичарите околу односите на Македонија со Бугарија и кон ЕУ.

Историските прилики навистина не биле наклонети да развиеме автономија бидејќи сме биле постојано под нечија власт. Но сега Македонија е суверена и треба да покаже дека е автономна земја според одлуките што ги носат поолитичарите. Се што читам во последно време се изјави на бунтовно дете кое тежнее да биде слободно и да не му се кажува што да прави (лажна автономија), но без решенија за остварување на стратешките долгорочни цели. Не дека ЕУ нема вина со тоа што не ги „живее“ вредностите што ги проповеда, но тој систем ни е географски, инфраструктурно и вредносно најблизок.

Зрела личност, а исто така и држава водена од зрели и автономни луѓе, бара решенија наместо изговори. За себе, а не задоволување (адаптирање) кон другите.

Наместо да се позиционира како вечна жртва или само да се бунтува против наметнати решенија, Македонија треба да бара, лобира и преговара за сопствени решенија.

Со интегрирање на емоциите секако, бидејќи државата и тоа како е емотивно прашање, но може емотивно да сакате да го реновирате домот според каталог од соништата, но да немате пари за тоа, па емоциите ќе дадат мотив, но одлуките ќе се дефинираат според рационални можности.

Ние ја губиме и емоционалната мотивација за членство во ЕУ, а тоа е загрижувачко. Ја губиме таа мотивација бидејќи политичарите го користат медиумскиот простор да комуницираат неправда, а не решенија, таргетирајќи ги емоциите на граѓаните. Истовремено, си тече во позадина злоупотреба на јавни пари и добра и се оддалечуваме од системот (ЕУ) кој дава алактки за контрола (checks and balances).

Возрасен и автономен политичар ја разбира моќта што ја поседува да прави избор, ја презема одговорноста за последиците од тој избор и ја задржува контролата врз сопственото однесување..

Ако изборот не е ЕУ, јасно на граѓаните да им се претстави визија како без ЕУ? Јас таква стратегија немам видено.

Протоколот со Бугарија е резултат на немање заедничка усогласена стратегија меѓу власта, опозицијата и експертизата. Позитивниот исход од разрешувањето на спорот со Грција е резултат на поддршката на западните земји со преговарачки вештини и наши политичари кои согледаа дека изолацијата не е иднина. Бидејќи секоја личност (и држава) не функционира сама за себе, туку се дефинира и расте во релации со другите.

Ако не сака готови решенија, како што беше Францускиот предлог, државата (власт, опозиција, експертиза) треба да се усогласи околу некое ново. Но наместо тоа, секој ден вестите се преполни со Мицко е ваков, Венко е таков, а граѓаните се без јасна иднина.

Протоколот со Бугарија не е добар, но е резултат на еден раштиман оркестар каде не дошло до обединување на ресурсите и силите на земјата, кон јасна стратешка позиција и решение. Сега бунтовните деца треба да пораснат и да ја изградат бидејќи тоа е единствениот приоритет што ќе ја откочи иднината на земјата.

Особено тука одговорноста и предизвикот да се однесува како возрасен е на власта, која треба да го обезбеди тој дијалог кон стратешки решенија и да ја сподели одговорноста. Наместо тоа, од штабот на ДПМНЕ излезе една кованица „романса со Бугарија “ која и натаму прави раздор и ги злоупотребува емоциите на граѓаните.

Наместо да се зборува кој е од која партија, време е да се соберат човечките ресурси. А тие се намалуваат. Значајни ресурси заминаа во странство, тие што беа дома како Арсим Зеколи на пример, си заминаа од овој свет без нивниот ум да се стави во погон на иднината. Нема Македонија луксуз да го губи времето и луѓето.

Фокусот треба да интересекцијата со Бугарија. Ако интересите ги претставиме со множество, едно е тоа на македонските интереси, другото на бугарските, и одредена интерескција на заедничките. Таму треба да се насочува дискусијата и преговорите. Тоа е зрелост во комуникација.

Чесно е граѓаните да знаат дека патот кон ЕУ ги крати можностите за корупција и тоа е една од главните придобивки. Дека секое искористување на нивните емоции и играње на картата дека сме онеправдани за да не се дојде до решение, носи милиони плус на нечии конта во странство. И тие конта немаат партиско име туку вредносно – корупција.

Ако и натаму не е јасно дека демократијата и економскиот развој се патот на Македонија, нека претстават друг кој е издржан. Ама исто така нека ги праќаат и децата на студирање во Русија, наместо да им обезбедуваат бугарски пасоши за студирање во ЕУ по европска тарифа.

Од фејсбук ѕидот на авторката

ЕУ ида протугер Македонија Протокол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.