Русија денеска го запре сообраќајот преку последните железнички гранични премини со Европската Унија.
Одлуката за суспензија на целиот железнички превоз на луѓе, возила, артикли и товар со Финска, Естонија и Летонија е донесена синоќа, а стапи во сила денеска.
Руското Министерство за надворешни работи официјално ги информираше балтичките држави за одлуката, без да прецизира дали затворањето е привремено или не.
Многу фински железнички премини веќе имаат мал или никаков патнички сообраќај откако директните железнички врски помеѓу Финска и Русија беа суспендирани по инвазијата на Москва врз Украина во 2022 година. Во декември 2023 година Финска ја затвори целата своја источна граница „инструментализирана“ миграција.
Премините во Пехорија на естонската граница и во Питалово во близина на Летонија сè уште беа во функција.
Одлуката е донесена во време на зголемени руски активности за изградба на воена инфраструктура по должината на границата со НАТО. Русија гради нови касарни, магацини за муниција и логистички објекти во близина на границите со Финска, Норвешка и балтичките држави, се проценува дека до 115.000 војници би можеле да бидат распоредени во областа во иднина по завршувањето на војната во Украина.




