Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврокомесарката Кос: Покажавте силни перформанси за Реформската агенда, доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес и во преговорите за пристапување

0
By Zoran Ivanov on July 7, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 7, 2026 17:47

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје.

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје.

Северна Македонија покажа дека може да испорача резултати кога има политичка волја. Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во преговорите за пристапување. Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување, вели еврокомесарката Кос на прашањето дали има предвид нова иницијатива за деблокада на македонската евроинтеграција.

Според неа, напредокот во преговорите за пристапување бара клучен елемент: доверба меѓу земјите кандидати и земјите-членки.

Според моето искуство, таквата доверба првенствено се гради врз два елемента: исполнување на обврските и ставот на земјите кандидати кон ЕУ и нејзините земји-членки. Ова започнува со добрососедски односи. Кога меѓусебната доверба расте, процесот на пристапување станува побезбеден. Убедена сум дека ова би било случај и за Северна Македонија, нагласува Кос.

Таа при тоа укажува дека досега нема случај на давање гаранции на земја – кандидат дека нема да се појави друг спор за време на пристапниот процес до ратификацијата на договорот за пристапување од последната од 27-те земји членки.

Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Ова е начинот на кој функционира проширувањето на ЕУ. Важно е да се прифати оваа реалност, нагласува Кос.

 

Во коментар на германско – францускиот нон-пејпер кој промовира постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправно членство, таа вели процесот на пристапување бара време, но, оти во денешниот свет, Европската унија не може да си дозволи да чека предолго. И вели, задоволна е од тоа што гледа како европските лидери ја водат оваа дебата, со цел да се изнајдат начини, вели, „да ја доближиме ЕУ до идните граѓани многу порано“.

По летото, Комисијата има намера да предложи нови начини на земјите-членки да ги доближат земјите-кандидатки до ЕУ пред пристапувањето. Но, има една важна точка. Ова ќе бара напредок во преговорите за пристапување. Ова останува приоритет. Без таков напредок, понатамошната постепена интеграција ќе биде ограничена, подвлекува еврокомесарката Марта Кос, во интервјуто за МИА што целосно ќе биде објавено утре.

Комесарката за проширување Кос, ќе пристигне утре во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на Агендата за реформи во рамките на Планот за раст за Западен Балкан. До денес, посочуваат, земјата добила 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи.

За време на нејзината посета на земјава, комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Нивните дискусии, се посочува, ќе се фокусираат на напредокот во спроведувањето на Агендата за реформи, приоритетите за постепена интеграција во ЕУ и пошироките случувања поврзани со патот на земјата кон ЕУ.  Како што наведуваат од Кабинетот на еврокомесарката, предвидено е Кос и премиерот Мицкоски да одржат заедничка прес-конференција. Таа ќе се сретне и со претседателот на Собранието Африм Гаши за да разговараат за важноста на конструктивниот политички дијалог и широката меѓупартиска поддршка за реформите поврзани со ЕУ.

Комесарката Кос ќе посети студентски дом во Скопје, реновиран со средства од ЕУ. Таа, исто така, ќе се сретне со младински организации од земјава за да разговараат за можностите што ги нуди поблиската интеграција со ЕУ на младите луѓе, вклучително и преку програми како што се Хоризонт Европа и Еразмус+. Подоцна во текот на денот, комесарката Кос ќе се сретне со претставници на организациите на граѓанското општество и медиумите за да разговара за спроведувањето на клучните реформи поврзани со ЕУ, особено во областа на владеењето на правото, наведуваат од Кабинетот на еврокомесарката Кос.

ЕУ Кос Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.