Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина професор Денко Скаловски

0
By Zoran Ivanov on July 8, 2026 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2026 17:56

Почина професор д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, информираат од Филозофскиот факултет во Скопје.

Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал во 2000 година со дисертацијата „Антиподи на современата филозофија на музиката“.

Во академската кариера бил избран за доцент во 2000 година, а за редовен професор во 2010 година. Во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, под супервизија на проф. Аксел Хонет.

Неговите научни и истражувачки интереси опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот и социологија на спортот.

Телото ќе биде изложено на 09.07 во капелата во Ѓорче Петров од 12:00 до 13:00 часот, а погребот ќе се одржи во 13:00 часот.

Скаловски студирал театарска режија, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Високото образование го продолжил во Скопје и 1981 година,.

Дипломирал на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет. Магистрирал во 1992 година со тезата „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал 2000 година на тема „Антиподите на современата филозофија на музиката“.

Тој ги истражувал филозофијата на културата, филозофијата на уметноста (естетиката), филозофијата и родот, етиката и политиколошката публицистика. Се занимава со преведување и редакција на филозофски и социолошки дела од странски јазици, посебно од германски.

Тој работел како редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет во Скопје]]. Почнувајќи од 2010 година, тој бил постојан соработник на Институтот за филозофија при универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија. Член е на Филозофското друштво на Македонија и на Меѓународното Хегелово друштво, со седиште во Хајделберг, Германија. Скаловски е истакнат активист на Еколошкото движење на Македонија од 1989 година.

Автор е на повеќе стручни, научни и публицистички трудови меѓу кои „Аз-Буки, Скопје, 2012, ,„Етиката и родот“, Филозофски факултет во Скопје, Скопје, 2012 (коавтор) „Седум македонски композитори“, Бигос, Скопје, 2010 „Во прво лице еднина (Културолошки речник – том 1)“, Аз-Буки, Скопје, 2010, „Тодор Скаловски – животот и делото“ (коавтор), „Филозофија на музиката“, Бигос, Скопје, 2001, „Писма до Македонците“, Бигос, Скопје, 1997, „Етиката на одговорноста“, Бигос, Скопје, 1995 / 2005 и други.

 

 

денко скаловски почина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.