Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

0
By Zoran Ivanov on August 14, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 14, 2026 10:51

Откако минатата недела и од централниот и од локалниот кризен штаб беше оценето дека квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, гостиварци го чекаат моментот кога ќе биде укината забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна.

Вчера попладне се очекуваа резултатите од последната анализа на водата, а доколку и тие бидат добри, тоа би значело дека се создаваат услови за укинување на забраната.

Забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули, поради загаденост со фекалии и преголеми количини на хлор. Од АХВ треба да ја донесат и одлуката за нејзино укинување.

Од локалниот кризен штаб изминатите денови информираа дека резултатите покажуваат дека микробиолошки водата е веќе чиста, додека нивото на хлор постепено се доведува во соодветните граници. Сепак, за забраната да биде укината потребни се три последователни резултати кои ќе покажат дека водата ги исполнува условите за безбедно користење за пиење и подготовка на храна.

Трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле изутринва се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште резултатите кои биле земени вчера вечерта кои пак се очекуваат да кои биле земени вчера вечерта кои пак се очекуваат да излезат некаде после 16 часот. Токму, затоа Централниот кризен штаб ќе даде предлог утре АХВ да излезе со соопштение и да ја укине забраната за користење на вода за пиење во Гостивар, вели Зуди Џелили – Координатор на Кризниот штаб во Гостивар.

Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Проверките ќе продолжат и во наредниот период, а ќе се работи и на подобрување на снабдувањето во деловите од градот каде што притисокот на водата е многу слаб, објаснуваат од Кризниот штаб во Гостивар.

Доколку и вечерните резултати ја потврдат исправноста на водата, ние како локален кризен штаб ќе имаме можеби прес со членови од централниот кризен штаб и ќе им соопштиме на граѓаните дека дефинитивно водата е добра за пиење од водоснабдителниот систем во општина Гостивар – посочува Џелили.

Со очекуваното укинување на забраната, по повеќе од пет недели би завршила голготата на гостиварци со питката вода. Водата во изминатиот период се контролираше секојдневно, од повеќе мерни места, а анализите се вршеа во три лаборатории.

Она што останува непознато за јавноста до сега е: што точно покажуваат анализите од почетокот на кризата до денес. Резултатите од лабораториските испитувања досега не се објавени, иако повеќе од три недели водата е предмет на засилена контрола.

Доколку последните анализи бидат добри и се исполнат условите со трите последователни резултати, одлуката за укинување на забраната останува во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители. За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење.

 

 

вода Гостивар чешма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.