Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што денеска се одржа на падините на Алба Јулија, Романија.
Дуња Иванова го освои четвртото место во сениорска конкуренција.
Таа ја заврши трката на 73 километри со околу 2.400 метри висинска разлика, во силна конкуренција на најдобрите балкански натпреварувачки.
Во машка сениорска конкуренција, Кирил Марковски го освои седмото место, на дистанца од 90 километри со 3.000 метри висинска разлика.
Патеката во Алба Јулија беше брза, но со суви и стрмни искачувања и предизвикувачки спустови, што дополнително ги зголеми очекувањата од натпреварувачите.
Македонските репрезентативци со борбен и квалитетен настап ја претставија земјата на ова значајно меѓународно натпреварување.
Првенството беше во организација на Велосипедската федерација на Романија и Балканската велосипедска унија.




