Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

0
By Xhabir Deralla on September 17, 2026 ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОЛУМНА, СТАВ, УДАРНО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 17, 2026 19:26

Русија ја претвори најголемата атомска електрана во Европа во воена база и инструмент за принуда, додека од реакцијата на МААЕ и демократскиот свет зависи дали таквата вооружена контрола ќе биде спречена или премолчено легитимирана

Амб. Лариса Дир
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Запоришката атомска електрана е најголемата електрана во Европа. Од 4 март 2022 година, Запоришката АЕЦ се наоѓа под привремена окупација на руските вооружени сили. Државата-агресор фактички ја претвори окупираната Запоришка АЕЦ во воена база.

На територијата на Запоришката АЕЦ, каде што се наоѓаат шест нуклеарни реактори, руските окупатори распоредија воена техника во одделни машински сали на енергетските блокови; во подрумските простории русите уредија складишта за оружје.

Ова е спротивно на ставот што Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повеќепати го потврди, според кој украинските нуклеарни објекти треба да се експлоатираат безбедно и сигурно под целосна суверена контрола на Украина.

Заземањето и милитаризацијата на Запоришката АЕЦ го претворија цивилниот нуклеарен објект во инструмент за нуклеарна принуда и уцена. Руските сили, исто така, го користат градот Енергодар и околната територија за воени дејствија, вклучително и за напади врз Никопол и Марганец, кои се наоѓаат на спротивниот брег на Днипро, што создава дополнителни ризици во непосредна близина на електраната.

На 70-тата Генерална конференција во Виена, МААЕ ги повика државите членки да бараат повлекување на Русија од Запоришката АЕЦ и да воведат санкции против „Росатом“.

Основната причина за сите ризици во Запоришката АЕЦ е токму руската воена окупација. Додека се наоѓа под контрола на окупациските сили, нејзината поврзаност со надворешното електроснабдување останува ранлива, а техничкото одржување е ограничено.

Агресивната војна на Русија останува главната причина за невидените закани со кои се соочува Запоришката АЕЦ. Отсуството на надворешно електроснабдување, истрошеноста на опремата, ограничувањата во однос на техничкото одржување, ризиците од појава на пожари и притисокот врз украинскиот персонал продолжуваат да ја поткопуваат безбедната експлоатација на електраната. Овие ризици се нераскинливо поврзани со условите создадени од руската окупација и милитаризацијата на објектот.

Заканите за Запоришката АЕЦ ги зголемува употребата на беспилотни летала од страна на Руската Федерација. Покрај тоа, токму руски дронови ги нападнаа објектите во Чорнобилската зона.

Русија, исто така, ја злоупотребува Единствената система за размена на информации за инциденти и вонредни состојби (Unified System for Information Exchange in Incidents and Emergencies — USIE) на МААЕ. USIE е технички канал за брза размена на оперативни информации, а не механизам за утврдување на фактите или одговорноста. Самиот факт дека Русија шири информација преку USIE не ја потврдува нејзината содржина и не ѝ дава на Русија законски овластувања во однос на украинскиот нуклеарен објект.

 

Со изнесувањето обвинувања преку официјалниот канал на МААЕ, Русија настојува да им даде поголема веродостојност, да се претстави како законска власт над Запоришката АЕЦ и да ја поткрепи својата дезинформациска наративна линија. Затоа е исклучително важно да се прави разлика меѓу информациите што потекнуваат исклучиво од Русија или од раководството на електраната под руска контрола и фактите што се независно проверени од МААЕ. Ширењето информации преку USIE или нивното пренесување во ажурирањата на Агенцијата не значи нивно одобрување или потврдување од страна на Агенцијата.

Заземањето и милитаризацијата на Запоришката АЕЦ, исто така, треба да се разгледуваат во поширокиот контекст на меѓународните напори насочени кон спречување на нуклеарниот тероризам и користењето на нуклеарните ризици како инструмент за принуда. Дозволувањето на државата-окупатор да го користи ризикот од несреќа како оружје и да користи непроверени обвинувања за прикривање на одговорноста би создало опасен преседан за секоја држава што експлоатира нуклеарни објекти. Последиците од тоа би ги надминале границите на Украина, поткопувајќи ја довербата во глобалниот систем за нуклеарна безбедност и заштита и неговата ефикасност.

Колку долго Запоришката АЕЦ ќе остане воена база и засолниште за руските окупациски вооружени сили зависи, меѓу другото, и од тоа како МААЕ и демократскиот свет ќе реагираат на тековниот руски терор.

Дали ќе дојде до легитимирање на руската вооружена контрола врз украинската атомска електрана зависи од реакцијата на државите членки на МААЕ, која треба да придонесува за мирното користење на нуклеарната енергија и да го спречува нејзиното користење за какви било воени цели.

Истовремено, добар знак и важен сигнал за меѓународната реакција на дејствијата на Русија се резултатите од гласањето на 15 септември на 70-тата сесија на Генералната конференција на МААЕ. Оваа година државата-агресор Русија не беше избрана во составот на Генералниот комитет на Конференцијата.

Овој резултат сведочи дека доследната меѓународна координација може ефикасно да им се спротивстави на обидите на Русија да го зајакне своето влијание во меѓународните нуклеарни институции и да создаде услови за зајакнување на меѓународниот притисок со цел прекинување на окупацијата и милитаризацијата на Запоришката АЕЦ и нејзино враќање под целосна контрола на Украина.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Текстот е објавен под лиценцата Creative Commons Attribution 4.0 International – CC BY 4.0. Дозволено е преземање и објавување со задолжителна атрибуција, наведување на изворот и активен линк до оригиналната објава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.