Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

0
By Xhabir Deralla on October 28, 2026 ЗУМ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТИКЕР, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 28, 2026 18:45

Искуствата по падот на режимот на Груевски како предупредување за новата власт во Србија

Никола Спасов

Еве неколку искуства од Северна Македонија и некои мои размислувања за тоа што новата влада на Србија не би требало да прави. Делумно се засновани врз нашето искуство во Северна Македонија, кога беше соборен режимот на Груевски.

1. Не спојувајте го студентското движење со Владата. Зачувајте ги нивните одделни идентитети.

Ова може да стане една од најважните иновации во политичката транзиција на Србија. Студентите треба да ја зачуваат својата независност, вклучително и правото да ја критикуваат Владата на која самите ѝ помогнаа да дојде на власт.

Владата мора да владее. Студентите мора да останат слободни да бараат одговорност и добро е што нема студенти на изборните листи. Но таа поделба мора да биде вистинска.

Нема гаранција дека новата Влада ќе биде добра, но ако се зачува јадрото на независни млади луѓе, секогаш ќе постои некој што ќе може да ја одржува вербата во подобро управување со Србија.

2. Не дозволувајте надворешната политика да доминира.

Особено не во првата година од владеењето. Русија, Кина, Косово и европските интеграции бараат сериозно управување, но избегнувајте непотребни дипломатски потреси додека не се стабилизираат домашните институции.

Не отворајте нови надворешнополитички фронтови додека не ја стабилизирате власта дома. Не морате уште во првата година да го решите геополитичкиот идентитет на Србија.

Така нема да дадете ниту повод да продолжи кампањата дека сте власт наметната од странски центри на моќ.

3. Не ветувајте брза правда, туку реформи.

Ова секако веќе го правите, но мора да бидете свесни дека од денес натаму незадоволството по ова прашање само ќе расте.

Од нашето искуство во Северна Македонија, луѓето ќе бараат сите да завршат во затвор. Никогаш нема да бидат задоволни ниту со бројот на уапсени, ниту со тоа кој е уапсен.

Тука постои сериозна замка. Ако Владата се меша во работата на правосудството за да ги исполни очекувањата на јавноста, ќе ја повтори практиката на претходниот режим. Ако не се меша, дел од јавноста ќе ја обвинува дека ги штити луѓето од стариот систем.

Затоа, управувајте со очекувањата. Објаснете прецизно, чекор по чекор, што ќе се случува, што може да направи Владата и во кои рокови. Ветувајте реформи и конкретни институционални чекори, а не пресуди и затворски казни.

4. Не дозволувајте апстрактните реформи да станат единствена политика.

Луѓето брзо ќе ја заборават револуцијата и ќе се вратат на секојдневната реалност. А тоа значи дека, покрај реформите, ќе мора да испорачувате и конкретни резултати во економијата и јавните услуги, особено во економијата.

Не ја повторувајте грешката на македонската Влада, која целата прва година зборуваше само за транспарентност.

Граѓаните мора да почувствуваат дека промената на власта носи нешто конкретно во нивниот секојдневен живот. Институционалните реформи се неопходни, но сами по себе нема да бидат доволни за да ја одржат поддршката од јавноста.

5. Не губете време на големи долгорочни стратегии.

Имајте долгорочна визија, но владејте преку краткорочни, мерливи и остварливи цели.

Не сте во ситуација сега да трошите време на големи државни стратегии и амбициозни планови чие остварување зависи од низа идни реформи.

Во првата, па дури и во првите две години од мандатот, фокусирајте се на мал број клучни, целосно остварливи проекти и реформи.

Ветувајте го само она што навистина можете да го реализирате во услови кога целиот државен апарат сè уште во голема мера е под влијание на претходната власт.

6. Не дозволувајте внатрешните идеолошки разлики да го загрозат мнозинството.

Студентите ги обедини една заедничка цел: пораз на политичкиот систем на Вучиќ. Но тоа не значи дека имаат исти ставови за Косово, Русија, ЕУ, даночната политика, социјалните прашања или економските реформи.

Тие разлики ќе станат многу повидливи кога ќе мора да гласаат за конкретни одлуки на Владата.

Во оваа фаза, најпрво договорете ограничена транзициска програма на Владата и јасни механизми за решавање на евентуалните меѓусебни несогласувања.

Не мора оваа Влада да ги реши сите прашања. Ако се прашувам јас, воопшто не мора да се занимава со ниту едно прашање за кое не постои консензус. Сите спорни прашања што можат да почекаат, нека почекаат додека не ги преземете вистинските лостови на власта.

7. Не дозволувајте корупцијата и ароганцијата да се појават во новата Влада. Сечете ги во корен.

Најголемиот политички капитал на студентите е нивниот кредибилитет. Тоа е бренд што мора да го чувате како очите во главата.

Во Северна Македонија, Владата именува околу 800 функционери на раководни позиции, а во Србија веројатно многу повеќе.

Нема да можете да ги контролирате сите. Ќе се појават и алчни и глупави луѓе, а ќе има и неспособни.

Уште од самиот почеток воведете строги стандарди за интегритет и јасни санкции за оние што нема да ги почитуваат. Не смее да има исклучоци, дури ни за луѓето што имале истакната улога во протестите.

Еден корупциски скандал или арогантен функционер од вашите редови може да предизвика огромна штета, токму затоа што очекувањата од вас се многу поголеми отколку од претходната власт.

8. Не дозволувајте Вучиќ и понатаму да биде главниот лик во српската политика.

Ова е особено важно. Вучиќ со години градеше политички систем во кој сè се врти околу него. Не дозволувајте му и од опозиција да продолжи да ја диктира политичката агенда.

Ако секојдневно одговарате на неговите изјави, обвинувања и провокации, тој и понатаму ќе остане во центарот на политичкиот живот.

Се разбира, мора да се занимавате со наследството на неговиот режим, одговорноста и реформите. Но не дозволувајте целиот политички живот и понатаму да се сведува на Вучиќ.

Новата власт што секој ден зборува за Вучиќ ризикува да остане опозиција на Вучиќ, иако веќе е на власт.

Вие мора да ги поставувате темите, а не само да одговарате на неговите.

За крај, една препорака од моето искуство во кризните односи со јавноста.

9. Не третирајте ги првите шест месеци како период на нормално владеење. Вие сте во криза.

Владата мора да функционира во режим на кризен менаџмент уште од првиот ден.

Воспоставете централен кризен штаб под директна надлежност на премиерот, кој ќе работи седум дена во неделата. Неговата задача ќе биде да ги предвидува проблемите, да ги координира институциите и да обезбедува брзо донесување и спроведување на одлуките.

Владата мора да има една јасна и усогласена комуникација, но и да го поставува доминантниот наратив во јавноста, како што се прави во кризни ситуации.

Ако вие не објасните што се случува, некој друг ќе го објасни тоа наместо вас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.