НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лафазановски, Ивановски и Мехмети во Лајпциг

0
By on March 13, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на повеќегодишната соработка со Саемот на книгата во Лајпциг и мрежата Традуки, издавачката куќа „Готен“ го организира и годинешното учество на македонски писатели на оваа најреномирана книжевна манифестација во Германија.

Годинава учествуваат писателите Ермис Лафазановски, Јовица Ивановски и Ким Мехмети. Пресудно во селекцијата беше фактот што овие автори се во сериозни преговори за издавање на нивните дела на германски јазик.

Ким Мехмети веќе е објавен на германски јазик од издавачката куќа „Драва“ од Целовец, Австрија. Гоце Смилевски не можеше да учествува на Саемот заради претходно договорена промотивна турнеја во Италија, а сериозно се разговараше и за гостувањето на Јордан Плевнеш, чија што книга „Осмото светско чудо“ исто така е во процес на преведување на германски.

Роберт Алаѓозовски, кој е и координатор на проектот, на саемот ќе учествува во рамките на специјалниот регионален проект на белградското списание „Бетон“ и ќе ги претстави субверзивните творечки практики во Македонија. На германската јавност македонските автори традиционално ќе и бидат претставени со каталог од извадоци од нивните дела, преведени на германски јазик, што специјално за годинешното издание на саемот го подготви издавачката куќа „Готен“.

Македонските автори ќе настапат на неколку книжевни разговори, читања и претставувања во рамките на програмата „Литература од Југоисточна Европа“, организирана од Традуки. На еден од најголемите настани „Балканска ноќ“, со свое читање и разговор ќе настапи Ермис Лафазановски. Македонските писатели ќе бидат гости на заедничкиот штанд на мрежата Традуки и земјите од регионот. По читањата посетителите ќе имаат можност да пробаат и македонски вина, донирани од винаријата „Сковин“.

„За жал, годинава, Македонското министерство за култура не го поддржа претставувањето на Саемот во Лајпциг, поради што ние како организатори не бевме во можност да поставиме и македонски национален штанд и да однесеме повеќе автори во Лајпциг“, изјави за Нова, Роберт Алаѓозовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.