Медиумите во Србија известуваат дека граѓанската асоцијација МОСТ, која со 3200 набљудувачи ги следи изборите, денеска, регистрирала неправилности, главно со тнр. семејно гласање, агитирање со гласно читање на имињата на кандидатите на гласачките ливчиња, а известуваат и за случајот во скопската општина Аеродром кога членка на избирачкиот одбор, ставила во чанта гласачки ливчиња. Тие го истакнуваат и случајот на
Мендух Тачи, лидерот на ДПА, кој не се нашол во избирачките списоци, бидејќи имал само дипломатски пасош.
Српските медиуми јавуаат и за кршење на кутија со изборен материјал во Куманово, како и тоа дека до МВР стигнале жалби на граѓани за нарушување на предизборниот молк
Денешните локални избори во Македонија се одржуваат во сенка на интензивните политички конфронатции кои избувнаа минатиот месец пишува грчкиот „Катимерини“.
Според весникот „Агелиофорос“, локалните избори биле спасени во последен момент, затоа што нивното одржување било неизвезно до последната минута поради противењето на една од партиите да учествува на изборите доколку не се исполнат некои нивни услови. „По разговорите со посредство на Европската унија партијата ги повлече блокадите и локалните избори денеска нормално се одвиваат“, пишува весникот.
Грчките медиуми јавуваат дека и покрај несогласувањата, две македонски партии одлучија да работат заедно во две општини со мешано етничко население.
Ал Џезеира текстот за изборите во Македонија го наслови: „Изборите во Македонија со помали неправилности“.
Хрватските медиуми пишуваат дека локалните избори во Македонија се одржуваат во сенка на политичката криза.