НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жестока дебата во ДИК за Струмица

0
By Нова ТВ on March 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Овластениот претставникот на ВМРО – ДПМНЕ, во текот на денешното продолжение на седница на ДИК, посочи дека во текот на глсањето на избирачкото место 1730 во Струмица на лицето Костадинка Оцева и било оневозможено да го оствари своето прасво на глас, бидејќи веќе некој глас во нејзино име.

Седницата на ДИК тече во посмирена атмосфера од вчера, кога жестото се дебатираше меѓу членовите, претседателот Борис Кондарко и овластениот претставник на ВМРО – ДПМНЕ. Во видеото погледнете дел од атмосферата кога се докажуваше валидноста на записнокот од едно гласачко место во Струмица.

ДИК делумно прифати 20-тина приговори со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки.

По долгата расправа ДИК го прифати приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за избирачкото место број 1727, во Струмица, за останатите два приговори за гласачките места 1730 и 1734 расправата продолжува денеска.

Станува збор за гласачките места во училиштата „Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“ во Струмица.

Денеска ДИК треба да одлучи дали и на овие места ќе има прегласување на 7-ми април.

Законскиот рок од 48 часа на ДИК заврши синоќа во 19 часот, а членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во три часот.

ДИК на денешното продолжение на седницата ќе одлучува за приговорите на НДП за Гостивар, на ДУИ за Шуто Оризари и за приговорите на ДПА за Чаир.

Вчера делумно беше прифатен еден приговор од СДСМ за Охрид што не влијае врз резултатите од гласањето.

Како што се изјаснија членовите на ДИК, доцна синоќа, во Кичево нема да има прегласување и покрај приговорите поднесени од ВМРО – ДПМНЕ.

По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.

Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7 април.

АВТОР: ДАМЈАН ВАРОШЛИЈА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.