Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорчев VS Дескоска: Кој го попречува разгледувањето на Извештајот на Јанева?

0
By Влатко Чаловски on March 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 22, 2016 12:56

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да биде разгледуван Извештајот на Специјалното јавно обвинителство денеска повторно е одложена по одлука на претседателот на Комисијата, Владимир Ѓорчев.

Според него причина за тоа е неприсуството на претставник од СЈО, иако тврди дека обвинителката Јанева била уредно поканета. Од СЈО демантираат дека добивале покани од Собранието, но и дека ако добијат, нема да присуствуваат бидејќи за овој краток период Извештајот е јасен, а доколку пратениците имаат забелешки, СЈО ги повикува да ги достават до нив.

Седницата која денеска започна со 1 минута молк за жртвите од терористичкиот напад во Белгија е презакажана за утре во 13 часот.

– Највисокиот државен акт, Уставот на Република Македонија, во својот член 68 му дава обврска на Собранието на Република Македонија да врши надзор и контрола над сите вршители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. Таа надлежност на Собранието никој не може и не смее да ја оспори или суспендира, рече Ѓорчев, кој потенцираше дека Јанева била единствената која не ја почитувала оваа институција.

Тој упати на Законот за ова обвинителство во член 7 дека: Јавниот обвинител ќе биде одговорен за неговата работа пред Собранието на Република Македонија.

– И Уставот и Законот се јасни и велат: Катица Јанева е одговорна пред Собранието на Република Македонија. Тука нема и не смее да има никаква дилема. Госпоѓата Јанева е јавен функционер и не треба, не може и не смее да се става над Уставот, Законот и Собранието на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Од друга страна, Рената Дескоска, пратеничката од СДСМ вели, Ѓорчев со своите постапки го крши Деловникот, и сам одлучувал а со тоа бил очигледен стравот на ВМРО-ДПМНЕ од работата на СЈО.

– На сите ни јасно дека заради стравот од одговорност за криминалот, ВМРО-ДПМНЕ бега од дебата по Извештајот на г-ѓата Катица Јанева, но и по Извештајот на г. Марко Зврлевски. Во текот на преговорите за Закон за СЈО, СДСМ бараше СЈО да поднесува извештај на пократок рок, другата преговарачка страна бараше рокот да биде 6 месеци. Тогашната претпоставка беше дека на 15 март Собранието ќе биде распуштено и ВМРО-ДПМНЕ се надеваше дека извештајот на СЈО нема да се најде пред пратениците, рече Дескоска.

Таа во име на партијата го повика ВМРО ДПМНЕ „да не ја оневозможува дебатата по Извештајот на Катица Јанева доставен до Собранието пред една недела, а воедно и да се стави на дневниот ред Извештајот на г. Марко Зврлевски доставен до ова Собрание пред 9 месеци“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.