Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за информатика: Кирацовски манипулира

0
By Нова ТВ on April 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 4, 2016 15:14

Според Министерството за информатичко општество (МИОА) со кое раководи Марта Арсовска Томовска, дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски на денешната прес конференција ширел манипулации во јавноста.

Кирацовски обвини дека Арсовска Томовска заедно со ДУИ сами составиле тимови кои треба да ги внесат податоците од теренската проверка на Избирачкиот список, во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија.

– Со допис со назнака ИТНО, заведен под број 08/1-1593/1 од Државната изборна комисија, кој беше доставен во министерството на 01.04.2016 година во 16 часот и 20 минути, потпишан од претседателот на комисијата Александар Чичаковски, побарано е министерството ИТНО да обезбеди асистенција од вработени во министерството за информатичко општество и администрација со искуство во пренос на податоци од пополнетите прашалници, во апликација подготвена за таа намена. Во дописот може да се види дека со големи букви е назначено дека овие лица треба ВЕДНАШ да бидат ангажирани, односно ВЕДНАШ да бидат упатени во подрачните единици на Државната изборна комисија. Од страна на службениците во Министерството кои работат во писарницата веднаш е  направен обид да се изврши достава на дописот до кабинетите на министерот, дополнителниот заменик на министер и државниот секретар, меѓутоа во тој момент ниту Кирацовски ниту луѓето од неговиот кабинет не биле на работа. Од тие причини, веднаш потоа дописот електронски е доставен до кабинетот на Кирацовски, на службена мејл адреса за што има и соодветен доказ, со што и самиот Кирацовски бил благовремено запознаен со содржината на барањето, се вели во реакцијата на МИОА.

Оттаму дополнително тврдат дека од моментот кога бил именуван, ниту Кирацовски ниту вработените во неговиот кабинет не почитувале работно време, доаѓале на работа кога сакаат и си оделе од работа кога сакаат а за тоа имало соодветни докази од евиденцијата на работното време во министерството.

Во однос на лицата кои Државната изборна комисија ги има побарано, државниот секретар на министерството за цело време на процесот, бил тој што ја координирал активноста за обезбедување на лица вработени во министерството и тоа по директни насоки и од Генералниот секретар на Државната изборна комисија, за што исто така постоеле соодветни докази (официјални дописи и СМС пораки од секретар до секретар директно).

Александар Кирацовски Дик Избирачки список Марта Арсовска Томовска МИОА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.