Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чичаковски и Прекопуца на консултации кај Вељаноски

0
By Нова ТВ on April 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 7, 2016 20:28

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и потпретседателот Реџеп Прекопуца денеска имале консулатции со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Според информации од Собранието, тема биле роковите, по синоќешното распуштање на Парламентот.

Од ДИК не ја коментираат средбата. Информираат дека продолжуваат со активностите за прочистување на Избирачкиот список.

Деновиве треба да се одлучи за резултатите од теренската проверка, што заврши во неделата. Од 87.000,  40.000 лица воопшто не им отвориле врата на анкетарите и не се јавиле самите во подрачните канцеларии.

ДИК треба да одлучи дали уште ќе ги чека, дали пак ќе ги повикува или ќе побара институциите да утврдат каде се овие гласачи и зошто не соработуваат. Истовремено, треба да се разгледа и содржината на пополнетите прашалници за да се види дали има фантомски гласачи или непријавени иселеници.

Од административната проверка, најобемна задача ДИК ќе има откако ќе стигне целосната информација од МВР за 72 илјади граѓани што ги има само во оваа база на податоци.

Оваа група спорни записи ги опфаќа проблематичните живеалишта, гласачите од Пустец кои се концентрирани по десетици во еден стан и гласачите кои имаат лична карта а немаат пасош и обратно, а откриени се 67 кои го немаат ниту едното ниту другото.

Засега, од Избирачкиот список треба да се избришат само 1.100 избирачи за кои има документ дека се починати.

Претседателот Чичаковски рече дека како прв човек на ДИК нема да го потпише списокот ако остане макар само еден сомнителен гласач.

Доцна синоќа, тројцата членови на ДИК – експерти беа на разговори во канцеларијата на Европската унија, но нема детали од средбата.

 

Вељаноски Дик избори Чичаковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.