НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајка: Уште душата ми остана, кој сака да ја купи за да го лекувам детето?

0
By Менче Атанасова Точи on April 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за здравство е за едни мајка, а за други маќеа. Вака ја започна својата приказна триесетгодишната Сандра Ј. Од Скопје. Таа е тетка на седумгодишната Јована, за која се грижи како мајка, откога ја напуштила нејзината мајка.

Сандра вели дека Јована ја има истата дијагноза како и Јана која доби одобрение од Фондот за рехабилитација во Германија, епилепсија и церебрална парализа.

Но, Јована не може да добие конзилијарно мислење од лекарите на детска клиника за лекување надвор од државата. Од тие причини девојчето веќе шест години се лекува во Љубљана на сопствен трошок на семејството.

Сандра вели дека за овие шест години продале имот, стан, злато, а лекувањето до сега ги чинело повеќе од 50 000 евра.

„Нема веќе што да продавам. Уште душата ми остана. Кој сака да ја купи з а да го однесам на контрола во Љубљана моето дете“, вели разочарано оваа млада жена.

Таа раскажува дека цела година не ја однеле на контрола малата Јована бидејќи веќе немаат што да продаваат. Лихвари заработуваат на нивната мака. Вели дека не е вистина дека сите деца добиваат конзилијарно мислење за странство од детската клиника, како што вчера во изјава за НОВА, рече директорката Аспазија Софијанова. Таа вели дека токму директорката на Клиниката за детски болести и рекла дека, бидејќи имале собирано донации не им треба конзилијарно мислење и одобрение од Фондот.

„А, докторката по која трчав и ја молев за конзилијарно мислење за Јована пак, ми рече, таму каде што си нашла лек, таму оди си“, раскажува за НОВА, Сандра.

Таа е револтирана што семејството Грковски не ги стопирале донациите, а од Фондот добиле 30 000 евра за рехабилитација.

„Зарем ние сме луди што го продадовме имотот и го однесовме моето дете на лекување во Љубљана. Ама ете, некој си може ем донации, ем Фондот да им покрие се. Сега ме интересира дали ќе се освестат и „маќеите“ за нашето дете“, прашува Сандра.

Од Фондот соопштија дека малата Јана е испратена на болничко лекување во Германија во законски спроведена процедура. На Клиниката за детски болести пак велат дека не постои застој или селекција на пациентите кои се праќаат на понатамошен третман.

„Сакаме да нагласиме уште еднаш дека како Клиника секогаш се залагаме да го направиме најдоброто за нашите пациенти во рамките на нашите можности. Доколку истите тие можности за лекување овде се исцрпени, пациентот се проследува на понатамошни иследувања надвор од државата. Секако се соочуваме секојдневно со родители кои инсистираат по секоја цена нивното дете да замине во странство, на нас останува да процениме дали истиот третман би го добиле и кај нас и потоа истото да им го објасниме и нив. За оние деца кои имаат потреба од понатамошен третман во странство, ние правиме конзилијарни мислења и стоиме зад нив како лекари. Принципот за праќање оди според индикацијата, а не како што се имплицра ,,врските,,. Доказ за тоа се десетицитие деца пратени на лекување надвор и многу поголемиот број излекувани на Детската клиника“, се вели во одговорот од клиниката.

Во случајот со Јована резултати дава и помага единствено Кетогената диета која не с е применува во Македонија. Сандра се надева дека сега, кога некои работи излегоа на виделина, надлежните и докторите од клиниката ќе најдат начин да и помогнат и на малата Јована.

донации лекување во странство Фонд за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.