Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За болните од рак од утре ќе има цитостатици

0
By Менче Атанасова Точи on April 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 12, 2016 14:55

Од утре болните од рак ќе добијат цитостатици. Советот за јавни набавки конечно го одобрил тендерот за лекови на Клиниката за онкологија. Оваа информација за НОВА ја потврди директорот Милан Ристески.

„Утре ќе ги има сите лекови на клиниката. Знаеме дека ќе биде турканица и дека сите пациенти ќе дојдат одеднаш, но ние ќе ги примиме сите, никој нема да биде вратен“, изјави Ристески.

Советот за јавни набавки три пати го враќа тендерот за набавка на лекови на Клиниката за онкологија. Пациентите континуирано остануваа без лекови. Последно, без цитостици се болните од рак на дебело црево, со метастази. Тие сами си го купуваат цитостатикот кој чини 100 евра месечно, се разбира кој може да си го дозволи тоа.

Тешко болен човек кој се јави во редакцијата на НОВА, вели дека тој не прима терапија бидејќи не е во можност да го купи лекот за кој треба да плати 100 евра месечно.

„На Клиниката за онкологија го нема лекот. Јас сум без терапија, со мојата пензија од 6000 денари не сум во можност да го купам“, се пожали овој 60 годишен пациент.

Во изминатиот период раководството на клиниката не беше во можност за земе лекови на заем од веледрогерија.

„Не можевме да земеме на реверс, никој не сакаше да даде донации“, рече Ристески.

Агонијата со Советот за јавни набавки трае од почетокот на март, но и претходно пациентите постојано остануваа без цитостатици. На клиниката велат дека доцна го добиле буџетот, па заради тоа подоцна бил донесен планот за јавни набавки.

НОВА ја следи оваа проблематика во континуитет, особено за Советот за јавни набавки кој постојано им ги враќа тендерите на болниците, заради како што велат директорите, членовите на Советот не разбирале медицински термини. Директорите не се осудуваат да се пожалат и ги праќаат пациентите сами да си купуваат лекови.

Совет тендер Цитостатици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.