Муарем Бајрами од скопско Студеничани денеска загина случајно минувајќи во паркот кој се наоѓа помеѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Јужен булевар“. Врз Бајрами паднал оџак при рушење на бараките во кои порано се наоѓаше Бирото за судски вештачења. Според тврдењата на очевидцип при уривањето немало заштитна ограда, а на адвокатите на починатиот не им беше дозволено да направат увид се додека не заврши увидот од судска медицина. Тие сакаа што поскоро вештак ангажиран од семејството да направи и тој самиот увид, но не беа во можност да го сторат тоа. Од семејството на 53 годишниот Бајрами не сакаа да зборуваат пред камера, но велат зачудени се како можеле рушевините да паднат од страната на Урбан парк.
Не е познато што ќе има на местото на старите бараки околу кои имаше и парк, но извори на НОВАТВ велат дека плацот сега го добил нов инвеститор. Надлежните одбиваат да го именуваат инвеститорот, а никој не сакаше ниту да каже за кои цели и кој ги рушеше бараките.