Движењето за социјална правда Ленка смета дека Претседателот на РМ нема право на аболиција поради „интерес за Републиката“ (по чл. 11 од Законот за помилување /1993).
– Имено, членот 11 од Законот за помилување е избришан со Законот за изменување и дополнување од 2009 – којшто, пак, е укинат од страна на Уставниот суд. Правно каќано, тоа значи дека членот 11 е „мртов“ и Уставниот суд нема право да го оживее. Тоа право го има само Собранието на РМ, кое сега е распуштено. Со ова ВМРО –ДПМНЕ само си пукаше в нога и влезе во уште поголем криминал и кршење на Уставот, велат од Ленка.
Тие ја посолуваат точката 5 од Решението на Уставниот суд, којшто во истиот овој состав, во 2012 година, на слична иницијатива на Ленка за враќање на избришани законски одредби, веќе воспостави „правен преседан“ за вакви правни прашања:
– Со оглед на тоа дека станува збор за норми кои констатираат престанок на важење на делови од одредби кои во минатото биле во содржината на одредбите со кои се уредувало одредено право на конкретен и со закон утврден начин – според Судот, тие норми не се подобни за уставно – судска анализа.
Во конкретниов случај, со иницијативата всушност се бара Судот да ги укине оспорените одредби од Законот и да ги врати во важност претходно важечките одредби кои ги содржеле деловите кои со оспорените одредби се бришани, велат натаму од Ленка.
Објаснуваат дека имајќи предвид дека согласно членот 110 од Уставот, Уставниот суд не е надлежен да врши законодавна функција и да нормира прописи, со враќање во сила на оние одредби кои повеќе не се во правниот поредок, ниту пак, има процесни претпоставки да постапува по иницијативата, односно да ја цени уставната основаност на бришаните одредби и од друга страна уставната основаност на одредбите со кои тие биле бришана од Законот, како и оправданоста на овие законски решенија, Судот оцени дека во конкретниот случај се исполнети условите од членот 28 алинеи 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата““, информираат од Ленка.