НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ибраими: Моето помилување од Иванов е беспредметно

0
By Влатко Чаловски on April 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членот на Државната изборна комисија од партијата ДПА, Бедредин Ибраими, денеска на прес-конференција не сакаше да го коментира образложението на претседателот Ѓорѓе Иванов за неговата одлука со која ги скрати сите постапки кои се водат против политичари и од власта и од опозицијата, но вели тоа тоа што тој се нашол на списокот е неосновано.

– Се работи за кривична пријава поднесена од СДСМ против мене за моето гласање согласно приговорот поднесен од нивна страна…и согласно Изборниот законик, за моето гласање за поништување на три избирачки места во општина Струмица за време на локалните избори во 2013 година, образложи Ибраими.

Тој вели за оваа кривична пријава дал исказ и пред Основното јавно обвинителство а и пред Специјалното јавно обвинителство, за кое вели го почитува бидејќи е формирано со закон.

Ибраими смета дека неговото помилување е нотирано без потреба бидејќи нема одлука против него.

А Бедредин Ибраими не е единствениот кој смета дека неговото помилување е заведено без потреба. Денеска на одлуката на Претседателот реагираше и поранешниот прв човек на нацијата, Бранко Црвенковски, кој во отворено писмо рече дека не го прифаќа помилувањето на Иванов, бидејќи постапка немало ни против него.

Ѓорѓе Иванов помилувал вкупно 56 мина а дел од нив и по повеќе од десет пати. Рекордер на листата е екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со 16 помилувања. Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е помилувана дури 13 пати.

Во првата тројка се најде и Сашо Мијалков, за кого Иванов потпишал 6 помилувања. Никола Груевски и Мартин Протоѓер имаат ист број помилувања, пет, веднаш зад нив е секретарот на владата Кирил Божиновски со четири, директорот на петтата управа Горан Грујевски со три помилувања. последни на листата со повеќе од едно помилување се претседателката на советот на Град Скопје, Ирена Мишева, поранешниот директор на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски Радникот, претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.

Меѓу звучните имиња на сегашни и поранешни функционери се најдоа и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, потоа градоначалниците на Скопје, Коце Трајановски, на Битола, Владимир Талевски, на Пустец, Едмон Темелко и екс-градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ.

Тројцата специјални обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, и Гаврил Бубевски исто така се наоѓаат на листата помилувани меѓу другите.

Ибраими Иванов помилување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.