НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристовска: Истражуваме од каде Иванов ги добил податоците

0
By Нова ТВ on April 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

СЈО не било консултирано, ниту дало податоци за лица за кои се водат истражни и предистражни постапки за кои претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за аболирање.

– За неговата одлука дознавме од неговата прес-  конференција, рече обвинителката Ленче Ристовска.

Таа истакна дека се работи за многубројни одлуки и потребна е анализиа со цел да утврдат колкав обем информации со кои Претседателот располага биле јавно објавени, а колку се доверливи.

– Досега сме ја информирале јавноста дека предистражната постапка е тајна и таа налага доверливост. Ние не можеме да ја коментираме листата на лица кои Претседателот ги аболирал, туку само оние кои јавно сме ги објавиле дека се води постапка, но не и за оние кои се во предистражна. Анализата е во тек и кога ќе собереме доволно докази за тоа од каде доаѓаат и се објавени вакви доверливи информации и ако утврдиме, ќе презмеме постапка за лицата да сносат соодветна одговорност. Уште ги разгледуваме одлуките на Претседателот од апсект дали имаат солидна основа за законски спроведена постапка, рече Ристовска.

Во име на јавните обвинители од СЈО кои се најдоа на листата на Иванов на аболирани, Ристовска рече дека тие не ја прифаќаат.

– Во името на сите нив, ве известуваме дека претставува грубо кршење на индивидуалните права како човекови права на јавните обвинители, кои народски речено се ставени во ист кош со лица за кои  имаме докази со сомневања за сторени кривични дела. Аболициите не ги прифаќаат, бидејќи со нив директно се влијае на нивната чест и углед, рече Ристовска.

СЈО рече таа, продолжува со постапување по она што е во наша надлежност и истражување токму на овие кривични дела.

– Ќе ја почитуваме тајноста на предистражната постапка, иако имаме разбирање за интересот за кои лица и кои постапки се истражуваат. Цел е зачувување на интегритетот на постапките. Апелираме до сите граѓани кои кои поседуваат материјални докази за кривични дела од наша надлежност и други случаи, да ги достават до нас, а доколку се во наша надлежност ќе ги презмеме, ако не ќе ги проследиме до јавното обвинителство, истакна Ристовска.

Обвинителката Ристовска рече дека имаат и законска обврска да продолжат со работа по кривичните декла кои се во процедура и кои не се поврзани со аболицијата.  Таа потенцира дека аболицијата воедно не ја запира постапката доколку се утврди дека е набавена имотна користа со незаконски начин. Односно, доколку кај овие лица се утврди стекнување на таква имотна корист на незаконски начин, тие ќе мора да ја вратат во Буџетот, односно на граѓаните на РМ.

аболиција Иванов Ристовска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.