Петти ден по ред граѓаните масовно излегуваат на протест по одлуката на претседателот за колективна аболиција на 56 лица, меѓу кои високи функционери од власта. Тие бараат оставка од претседателот и целокупната власт, како и одговорност за криминалите без никаква амнестија.
-Јасно е дека сме гневни, јасно е дека сме на вистинската страна на историјата и тука треба да останеме. Вакви големи криминали, историјата покажала дека не остануваат незабележани, така што треба да останеме до нашето и да се оди до крај, вели демонстрант.
Погледнете ги коментарите на демонстрантите во видео анкетата на НОВА