Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанските опозициски партии сметаат дека нема услови за избори

0
By Соња Трајковска on April 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2016 13:09

Опозициските партии од албанскиот блок БЕСА, УНИТЕТИ, НДП и ПДП денеска во заедничко соопштение го изразија својот став дека нема услови за одржување на предвремени парламентарни избори ан 5 јуни.

– Во време кога човековите права и слободи се сериозно повредени, кога демократијата и гласот на граѓанинот се заробени од владејачките партии и кога уставно-правниот систем е нарушен од главните државни институции, ние сме уверени дека предвремените парламентарни избори на 5 јуни 2016 година, распишани од Претседателот на Собранието, не можат да се одржат, се наведува во соопштението.

Тие сметаат дека за за воспоставување нормална состојба во земјата и за одржување на предвремени парламентарни избори треба Иванов да ја повлече одлуката за помилување на сите лица кои се предмет на истрага од Специјалното јавно обвинителство, со помош на меѓународниот фактор да се изнајде начин за одложување на датумот за избори, сè до исполнување на сите предвидени услови во Пржинскиот Договор, и да се изврши притисок кон четирите политички партии потписнички на Пржинскиот Договор со цел негово што побрзо спроведување.

– Без сомнение сме определени за воспоставување на демократијата и целосно обезбедување на правата и слободите на Албанците во земјата, како и за декриминализација на власта, овозможувајќи владеење на правото и борба против корупцијата и криминалот, што подразбира непречено функционирање на Специјалното јавно обвинителство, департизација на сите државни институции, како и слободни, објективни и професионални медиуми, финансирани на транспарентен начин, со што би се создале услови за одржување на кредибилни избори, прифатливи од сите учесници и од меѓународниот фактор, се наведува во соопштението.

Во нивната цел тие бараат поддршка од сите опозициони политички партии, невладините организации, различните субјекти кои ги имаат овие цели, како и од сите албански граѓани и други.

– Ја изразуваме волјата на нашите субјекти за соработка на албанските опозициони партии и ширење на оваа соработка со сите заинтересирани субјекти, како потреба на моментот и барањето на албанското јавно мислење во Македонија, со цел зближување на нашите ставови и платформи и промена на тешката состојба на албанскиот народ во земјата, велат од БЕСА, УНИТЕТИ, НДП и ПДП.

Соопштението следи по средбата на претставниците на овие четири албански опозициски партии.

албански партии избори опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.