НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести и во Прилеп, Кочани, Охрид и Гостивар

0
By Нова ТВ on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протестите иницирани од граѓанското движење „Протестирам“ се прошируваат низ повеќе делови од Македонија. Веќе втора недела се протестира по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за колективна аболиција на 56 лица, а по Скопје, Битола, Велес, Куманово, Струмица и Штип, денеска за прв пат протести ќе се одржат и во Прилеп и Кочани. Исто така, за утре е најавен протестен собир во Охрид, а задутре во Гостивар.

По информацијата дека во петок во Виена ќе се одржи средба со лидерите на четирите најголеми партии во Македонија со европските претставници, „Протестирам“ вчера ги соопшти новите, проширени барања.

– Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи.

Затоа, одлучно продолжуваме со протести и бараме:

– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);

– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;

– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;

– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;

– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;

– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;

– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Дотогаш, нашата политичка борба останува на улиците. Нема правда, нема мир!“, велат од „Протестирам“.

нови барања протести протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.