Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДС: Ако Вељаноски не сака, пратениците сами да свикаат седница

0
By Нова ТВ on April 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 21, 2016 13:51

Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од политичкиот врв, како и од лидерите на политичките партии за да не се наруши стабилноста на државата и нормалното одвивање на животот.

Според ДС постои општ граѓански консензус, за две клучни работи: да се одложат изборите и да се повлече аболицијата.

– Укажуваме дека нема Уставни и законски пречки да се свика Парламентот, при што, ако Трајко Вељаноски, не сака да го свика, тоа можат да го направат самите пратеници и Парламентот да донесе одлука за одложување на изборите, се вели во соопштението на ДС.

Имено согласно член 15 став 4 од Изборниот законик, мандатот на пратениците трае се до конституирање на Парламентот во нов состав.

Оттаму укажуваат и дека нема уставни и деловнички пречки за свикување на седница на Парламентот, но во праксата по самораспуштање, тој не заседава, за да не се користи за предизборни цели, но и натаму е во постојано заседание, што е предвидено и со член  66 став 1 од Уставот на Р. Македонија и член 5 став 1 од Деловникот на Собранието.

– Во врска со аболицијата на корумпираните политичари, која е и спротивна на Уставот и законите, но и на здравиот разум, Ѓорге Иванов, може да ја повлече одлуката за аболиција, со нова одлука, порачува ДС.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да направат се што е во нивна моќ, протестите да се одвиваат на мирен начин, како демократски чин на искажување на незадоволство.

Воедно партијата апелира до медиумите, особено како што велат, провладините, објективно да информираат и да не учествуваат во создавање на атмосфера  на страв и несигурност кај граѓаните.

аволиција избори протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.