Музејот на македонската борба не ги поддржува протестите организирани од Синдикатот на културата на Република Македонија, се вели во реакцијата испратена до медиумите.
Од таму сметаат дека ваквиот начин на демонстрирање, што како што велат, се вклопува во партиска концепција на дејствување, не може да ја помати сликата на сите напори и резултати постигнати во сите области на културата изминативе години.
„Бројот на реализираните проекти укажува дека како никогаш досега е вложувано во културата и во афирмацијата на културните вредности и во Македонија и надвор од неа“, стои во соопштението од Музејот на македонска борба.