Граѓани од најразлична возраст денеска продолжија со протестот на Шарената револуција собирајќи се пред СЈО.На протестот се веат анти-фашистички знамиња, а на звучници се пуштаат револуционерни песни, јавува репортерот на НОВА Влатко Чаловски.
На протестот се носат транспаренти „Фашизам никогаш повеќе“, „Каде што има моќ има и отпор“ а, главниот транспарент под кој ќе одбива протесниот марш гласи „Борбата продолжува“ . Се уште не се знае како ќе се одвива рутата на вечерашниот протест.