НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ: Најголем непријател на ДПМНЕ е криминилизираната врхушка

0
By Нова ТВ on May 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ) бара чесното членство на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги суспендира од партиските функции сите оние кои дале согласност и се нашле на листите.

Од ФРОДЕМ сметаат дека ВМРО ДПМНЕ,  нема надворешни непријатели,непријателите на партијата, граѓаните и државата се во партиското криминализирано раководство.

„Вчера, партиската врхушка го покажа своето вистинско нечовечко и егоистичко лице. Повторно по којзнае кој пат преку грозните и нечовечки манипулации со патриотските чувства на граѓаните и лажни изветвени приказни се обиде да ја спасува сопствената кожа.

Заради сопствениот спас Груевски и неколкумината слепи послушници, со нозе во кал до коленици, одбраа тактиката на негирање на реалноста и јавно ,,силување” на граѓаните на Република Македонија. Впрочем силувањето, присилата, заканитеи лажните ветувања се единствените средства кои се употребуваатза време на нивното еднодецениско владеење и мамење.

Срамно е сопствените граѓани да се лажат со евтини и провидни игри, во услови кога лидерот,избран на приватна забава (наводен Конгрес), ветил дека избори нема да се одржат. Тогаш чуму е ова лажна глума? Која е целта? Одговорт е јасен.

Забеганата политика и нерационални дејствија и постапки на криминализираната врхушка имаат за цел во овој момент да не го разочараатдокрај и онака веќе разоараното и изманипулирано членство и истото да се искористи како адут во преговорите околу повлекувањето или поништувањето на аболицијата.

Веќе одамна излитената закана ,,зад нас стои народот” или ,,народот ќе одлучи” нема да ги даде очекуваните резултати, бидејки народот одамна е поделен, понижен, осиромашен и навреден до коска, а на лажани приказни повеќе никој не им врува. Народот нема повеќе да биде свежо топовско месо за реализација и заштита на туѓи криминални интереси Но, од друга страна промоторите на гебелсовата пропаганда мора да знаат дека тој народ е веќе наострен и спремен за расчистување на сметките, спремен за доаѓање на слободата,правдата, вистината и казната.“ се вели во соопштението.

„ФРОДЕМ потсетува дека во име на вистинскиот патриотизам и правдата, за која што нашите претци ги давале без двоумење своите животи, членството на партијата има обврска да ги почитува најјвисоките стандарди на политичко дејствување и да не дозволи целата партија да се срамии да се поврзува со незаконските дејствија на раководство во заминување.

Во оваа прилика сакаме да им укажеме признание на сите чесни и доблесни членови на ВМРОДПМНЕ кои не потклекнаа под притисоците на натрапничкото раководство и размислуваат со своја глава. Македонија се сака со срце и отворен ум, а не со сервилно и слепо почитување на наредбите на оние на кои местото  одамна им е резервирано во македонските зандани, онаму каде што со години лежат неправедно осудени политички неистомисленици во монтирани политички случаи.“ велат оттаму.

ВМРО-ДПМНЕ избори ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.