НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстранти: Младите си заминаа, останаа оазите на експлоатацијата

0
By Нова ТВ on May 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија ја напуштија 600 000 лица, од кои голем дел се млади и тие  би се вратиле само во слободна земја, порачаа на денешниот протест демонстрантите на Шарената револуција.

Со водечки транспарент „Младите си отидоа, партијата се вработи“, колоната од демонстранти тргнувајќи од Специјалното обвинителство, ги посети Агенцијата за вработување и Министерството за економија, каде завршија десети балони со боја.

-Алтерантивата за сите млади луѓе кои би сакале да бидат вработени и да не се во црната листа на евиденција, би била да најдат некоја бедна работа во странските инвестиции многу познати како оази на експлоатацијата и робовладетелството. Нашата владејачка елита нив им дава разно разни погодноти на тие експлоататори. Да се запрашаме кој овде работи за странските фактори и странските служби – нивната омилена реторика?, порача Дејан Лутовски – член на Левица.

Еден од присутните демонстранти, кој  е инаку на студиски престој во странство, вели дека македонската младина е желна за работа.

-Ние младите мораме да бидеме суштински дел од кој било систем. Македонската младина е паметна, желна за успеси. Овие месеци се сретнав со многу мои другарки кои заминаа. Мислите дека им е лесно да работат неквалификувана работа, а  тука беа првенци на генерација?

Но, не има и во најуспешните корпорации во светот. Ако сме способни да водиме таму, тогаш способни сме да водиме и тука. Ако не се избориме за слободата овде, тогаш каде? Ако не се избориме за демократијата сега, тогаш кога? Ако не се избориме за обединетите, тогаш како? Ако не ние, тогаш кој? порача тој.

Дел до говорниците се осврнаа и на проектот „Скопје 2014“, за кој, како што велат, власта не носи во некои барокни времиња, наместо да оди напред со младите.

pro69

Протестот по два часа марширање низ скопските улици и одржаните говори заврши мирно.Демонстрантите се разотидоа со поздравот „Се гледаме утре во шест пред СЈО“.

Граѓаните кои еден месец протестираат на улиците во повеќе градови во земјава . Обединети под движењето #Протестирам бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Дел од барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

#Шарена револуција протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.