Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боја и за Хелсиншкиот комитет за човекови права

0
By Нова ТВ on May 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 17, 2016 14:06

Две непознати лица вчера по полноќ истуриле боја врз таблата на влезот во Хелсиншкиот Комитет за човекови права. Ова го регистрирале камерите поставени на објектот, а директорката Уранија Пировска го карактеризира како контрабоење, бидејќи Хелсиншкиот комитет ја поддржува Шарената револуција.

-Снимките од нашите камери покажуваат дека некаде околу 1 часот и 44 минути после полноќ се случил настанот. Ова е еден од низата настани кои имаат иста содржина и секако тоа се должи на нашето учество и поддршка на протестите, како некој вид контрабоење. Секако, не се води сметка дека тоа што го бои е Шарената револуција се институции кои се создадени да им служат на граѓаните, додека сите  овие организации и објекти во приватна сопственост не може да влезат во таа категорија, особено што Хелсиншкиот комитет е куќата каде секој граѓанин може да дојде и да добие бесплатна правна помош, тоа е во манирот на сценаријата на власта, вели Пировска за НОВА.

Натсанот е пријавен во МВР, а од Комитетот ќе ги достават и снимките од камерите на објектот како доказ.

Хелсиншкиот комитет е дел од низата на објекти кои во изминативе две недели се мета на контрабоење. Минатата недела беше бојадисао логото на Фондацијата „Отворено општество“, Младинскиот образовен форум, а боја доби  излогот на скопското кафуле Излет во центарот на Скопје, чиј што сопственик исто така учествува на протестите.

izlet-777x437

Граѓаните обединети под Шарената револуција преку протести со бојадисување на државни институции повеќе од еден месец бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

#Шарена револуција Излет Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.