Медиумите во Израел започнаа да ја истражуваат приказната за коруптивниот скандал во кој е инволвиран Хаим Хакеини, поранешен висок функционер во израелската одбрана. Во текстот насловен како “СЛУШНЕТЕ: Македонците протестираат против огромниот коруптивен скандал во кој се инволвирани Израелци“, агенцијата ЈТА пишува за позадината на протестите и причините поради кои тие започнаа.
Во приказната се наведува дека протсетите во Македонија отпочнаа по аболицијата за големи корупциски скандали откриени со прислушуваните разговори во кои се спомнува и името на израелскиот државјанин Хаим Хакеини.
Во текстот се наведени имињата на Никола Груевски, Сашо Мијалков тогашен директор на УБК и Светлана Костова претставник на македонското Министерство за внатрешни работи како и на израелецот Хаим Хакеини и нивните улоги во коруптивниот скандал. Во текстот се наведуваат опозициските обвинувања дека со разговорите се открива мито од 500-тини илјади евра уплатено од израелецот на сметка на претставници од Македонија, како и негирањето на Мијалков кој тврди дека станува збор за донација.
Агенцијата JTA пишува и дека МНР на Израел не се изјаснило за случајот под образложение дека нема намера да се вмешува во внатрешни скандали во Македонија и дека спомнатиот Хакеини негирал учество во операцијата за подмитување на официјални лица во Македонија.
Исто така „Times of Israel“ се повикува на текст објавен во бизнис весникот „The Marker“ каде се наведува дека опремата е најверојатно користена за прислушување на граѓаните.
.