Засилено присуство на полиција и специјалните единици во моментот го чуваат Собранието на Република Македонија, каде во тек е 101 седница на која се разгледува иницијативата на ДУИ за измени во Изборниот зкаоник. Додека пратениците дебатираат, илјадници демонстранти и вечерва во рамките на Шарената револуција, во моментов протестираат пред Законодавниот дом. Со водечки транспарент „Нема да ви помине“, демонстрантите ја прашаа полицијата кого брани. Дел од транспарентите во првите редови се: „Кризата ќе се решава тука со граѓаните“, „Бетонот пукна, откажете се“ и „Специјален суд за специјална мафија“. Во моментот поред Собранието на разглас оди песната „Во борба македонски народ“е и нема никакви инциденти.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.