По “поздравот“ со натпис „Куршумите живот значат даско една“ до директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, демонстрантите од Шарената револуција се упатија кон Собранието, а минувајќи пред Агенцијата за медиуми, повторно ја обоија зграда и фрлаа јајца.
Против како што ја нарекуваат “фикус-аболицијата“, на чело на поворката демонстранти се носи транспарент на која пишува „Мафија на робија“.
За време додека се одржуваше маршот до Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласаа селективно укинување на аболицијата, односно да биде укината само за оние кои ќе побараат од Иванов.
Во моментов се држат говори пред Законодавниот дом а со катапулти се фарба и фасадата на Собранието во боја.