Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кундерс: Македонските граѓани треба да кажат дали сакаат фер избори

0
By Нова ТВ on May 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 23, 2016 19:01

Претседавачот на Советот на министри, шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс, за НОВА изјави дека излезот од кризата се состои од датум за избори, услови за слобода на изразување и да се спроведат судските процеси според националните и интернационалните стандарди.

Берт Кундерс даде кусо интервју за НОВА на крајот на сесијата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Кундерс смета дека излезот од македонската криза се наоѓа во исполнување на сите услови:

“Сите партии треба околу тоа да се согласат и да најдат пат кон излез од кризата. Според мене тоа се состои од датум за избори, услови за слобода на изразување и да се спроведат судските процеси според националните и интернационалните стандарди.”

Претседавачот на ЕУ подвлекува дека излезот од кризата е одлука на македонскиот народ:

“Ни јас ни Европа не сме тие кои треба да одлучат и да ја решат ситуацијата. Тоа е одлука на македонските граѓани кои треба да каже дали сака фер и слободни избори и да придонесат за интеграција во евро-атланската структура.”

Неодамна Кудерс беше во посета на Македонија каде се сретна со сите политички лидери и потсетува дека неговата земја Холандија има долга историја со Македонија:

“Бевме активни и во 90 години и во други тешки моменти. Искрено се надевам секој ќе ја искористи можноста да и помогне на земјата на тргне напред.”

На прашањето дали оваа криза може да донесе и безбедносен ризик тој одговара:

“Не сакам да зборувам за безбедносен ризик. Но има ризик за луѓето на Македонија. Сите треба да работат заедно за нивната заедничка иднина. Луѓето сакаат реформи, работа, образование, добри надворешни граници и верувам дека сакаат да бидат дел од евро-атлантската структура. Но изборот е нивен”, вели Кундерс.

Пред почетокот на министерскиот состанок и други министри изразија загриженост за македонската криза. Британскиот министер Филип Хамонд изјави дека Македонија во изминативе девет месеци или повеќе назадува.

“Ние треба да бидеме јасни и искрени со Македонците дека ако продолжиме да ја гледаме истата ситуација, тие нема да напредуваат во соработката со ЕУ и НАТО. Мора да го променат ваквиот тренд и да се вратат на вистинскиот пат, инаку сите бенефиции од ЕУ и НАТО ќе ги загубат, предупреди британскиот министер.”

Германскиот државен министер Михаел Рот денеска од Брисел порача дека Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“. Притоа, тој наведе два услова кои земјата итно мора да ги исполни: создавање услови за демократски и слободно избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија и мора да остварат конкретни резултати“, предупреди Рот.

На барање на Германија денес на дневниот ред на Советот на министрите за надворешни работи требаше да биде ставена дебата за Македонија но таа беше одложена за наредниот месец поради отсуството на германскиот министер кого го заменуваше државниот министер Рот.

Берт Кундерс ЕУ политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.