НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократски Сојуз: Иванов да поднесе неотповиклива оставка

0
By Нова ТВ on May 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов реагира на последното интервју за германскиот весник Франфуртер алгемаине цајтунг (ФАЦ) во кое според нив, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најотворено се ставил на страната на владејачката партија. Говорејќи за причините за длабоката политичка криза во земјата, Иванов за ФАЦ изјавил дека актуелната атмосфера на конфликт ја создало Специјалното јавно обвинителство, затоа што, според него, СЈО гони селективно само луѓе од владејачката партија.
„Ваквиот став на претседателот на државата, според Демократскиот сојуз, претставува чиста пропаганда и дополнително ја продлабочува кризата во Република Македонија, предизвикувајќи нови поделби меѓу граѓаните.
Уште поскандалозна е неговата изјава дека мафијата не треба да се бара кај владејачката партија, туку кај опозицијата, а директниот повод за секојдневните протести на Шарената револуција, Иванов го објаснува со зборовите: „Затоа што опозицијата не може да победи на избори, сега се труди на поинаков начин да дојде на власт. Тие се комунисти, тие никогаш не го прифатија плурализмот. Сегашната криза не е ништо повеќе од една етапа од стогодишната историја.“ се вели во соопштението.
Демократскиот сојуз смета дека со ваквите ставови дадени за странски медиуми,  Иванов се ставил во улога на дрвен адвокат на ВМРО-ДПМНЕ и не само што отворено го негира Договорот од Пржино, туку и ги зголемува тензиите во Република Македонија.
-Иванов, со ова интервју потврди дека не е претседател на сите граѓани на Република Македонија и се стави на страната на владејачката партија, чие раководство е осомничено за злоупотреба на политичките позиции.
Поради аболицијата, но и поради субверзивно делување против сопствената држава и против нејзините граѓани, Демократскиот сојуз смета дека Ѓоргe Иванов не заслужува да биде носител на функцијата – претседател на Република Македонија и веднаш треба да си поднесе неотповиклива оставка, се вели во соопштението.
Демократски сојуз Иванов СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.