Никола Тодоров и Никола Груевски се најголемите штетници во историјата на здравствениот систем на Македонија.Најголемите уништувачи на здравството и здравствениот систем без нималку срам се појававуваат во јавност потценувајќи ги сите граѓани на Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.
„Со кое лице Тодоров и Груевски се појавуваат во јавноста и зборуваат за т.н. проекти?Нивните најголеми проекти се нивните лични богатења.Здравството во Македонија е на колена. Пациентите се незадоволни, лекарите понижени.
Граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња, медицинскиот персонал е под постојани притисоци и закани.
Нема пари за основни потреби. Пациентите сами си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.
Клиничките болници и Здравствените домови се во огромни, милионски долгови коишто секојдневно се зголемуваат“, велат од СДСМ.
Опозицијата смета дека лекари заминуваат во странство и тоа по 200 годишно, но заради подобар живот, а не заради подобра едукација.
Партијата ги посочува Никола Груевски и Никола Тодоров како главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.
„Тодоров и Груевски ги чека одговорност за криминалните политики што однесоа во смрт многу граѓани. Но, нема спас ни за аболицираниот Груевски, ни за неговото друштво“, се вели во соопштението.
Од опозицијата посочуваат дека казната ќе им биде испорачана на следните фер, демократски и кредибилни избори, кога народот ќе избере нова, одговорна влада, предводена од СДСМ којашто ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство за сите, бесплатно болничко лекување и ќе се грижи за здравјето и животот на граѓаните